• Latest

Фејсбук отстранил седум милиони постови поради дезинформации за корона вирусот

August 12, 2020

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Фејсбук отстранил седум милиони постови поради дезинформации за корона вирусот

August 12, 2020 14:43
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter
Во вториот квартал на годинава, односно од почетокот на април до крајот на јуни, Фејсбук отстранил вкупно седум милиони постови, поради ширење дезинформации за корона вирусот, вклучително и оние со препораки за неправилни мерки за заштита или за некои лекарства или начини за лекување.

Во соопштението од најголемата социјална мрежа на светот се појаснува и дека во истиот период, односно во вториот квартал од 2020 година, отстранил 22,5 милиони постови со говор на омраза. Тоа е голем пораст во однос на првиот квартал на годинава, кога се отстранети 9,6 милиони постови, а Фејсбук оваа промена ја објаснува со унапредувањето на неговата технологија за откривање вакви постови.

Биле избришани и 8,7 милиони постови поврзани со „терористички“ организации, како и четири милиони поединечни содржини од групи на „организирана омраза“.

Најголемата светска социјална мрежа порача и дека ја проширува својата политика за сузбивање говор на омраза, па ќе се дејствува и против содржини против црномурестите луѓе и против стереотипите за Евреите што наводно го контролираат светот.

Инаку, на крајот на минатиот месец, во рамките на својата борба против дезинформациите и штетните содржини што се објавуваа, Фејсбук објави дека заедно со Фондацијата Метаморфозис и Вистиномер ќе започне со работа на програма за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија.

„Среќни сме што ја започнавме нашата програма за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија со Вистиномер и Фондацијата Метаморфозис. Борбата против лажните вести е одговорност што ја сфаќаме сериозно, затоа постојано работиме на начини да помогнеме да се запре ширењето на дезинформациите на нашата платформа“ порача Софи Ајерс, менаџер за стратешки развој на Фејсбук.

Оваа програма е во согласност со тројната платформа за развој на софтвер апликации (three-part famework) на Фејсбук за подобрување на квалитетот и автентичноста на вестите во делот „Новости (News Feed)“, при што Фејсбук ги отстранува профилите и содржините што ги кршат нивните Стандарди на заедницата (Community standards) или  политиките за рекламирање (ad policies), ја намалува дистрибуцијата на лажни вести и неавтентична содржина како што е кликбејт и ги информира луѓето давајќи им повеќе контекст на објавите што ги гледаат.

Во однос на говорот на омраза против Евреите, пред два дена регираше и Организацијата на Евреите во Бугарија (ОЕБ) „Шалом“. Таа, испровоцирана од изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов, „Соросоидни НВО-а сакаат да ја земат власта, да воведат геј бракови“, порача дека прогласувањето на луѓе за „Соросоиди“ е еднакво на антисемитизам.

извор МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ