Министерот за здравство, Венко Филипче, ја повика ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна, во спртивно да не одмагаат во справување со пандемијата со Ковид-19.
“Ние даваме се од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат”, изјави Филипче како одговор на новинарско прашање во врска со денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство.
ВМРО-ДПМНЕ на денешниот трет протест пред Министерството за здравство, повторно побараа оставка од министерот, а го „збогатија“ со фрлање балони со вода.
На протестот реагираа и од СДСМ кои протестот на ВМРО-ДПМНЕ го оценија как одеструктивна и неодговорна улог во борбата со коронавирусот.
„Наместо кон зградата на Министерството за здравство, балоните со вода треба да ги фрлаат кон барокниот бел дворец, таму е срамот што со години не може да се измие, срамот за сите штети врз граѓаните и државата.
Процесот на вакцинација против коронавирусот е започнат и ќе продолжи во континуитет како што ќе стигнуваат вакцините од различни производители. Замислете, денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е одржан во непосредна близина на Инфективната Клиника каде моментално лежат пациенти со тешка клиничка слика заболени од Ковид 19.
На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, туку само политичко профитерство“, реагираа од СДСМ.