• Latest

Филипче од Националниот совет за евроинтеграции: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

July 14, 2025

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче од Националниот совет за евроинтеграции: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

July 14, 2025 14:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со Националниот совет за евроинтеграции Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираа приоритетите на данското претседателство со ЕУ, ги поздрави приоритетите на Данска во однос на проширувањето, коишто, посочи, се многу важни за денешниот геополитички контекст.

На седницата, Филипче побара од амбасадорката на Данска во земјава, Перниле Деилер Кардел, сериозно да се земе предвид делот од Извештајот на Европскиот парламент, каде што стои дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание.

-Би сакал данската амбасадорка да каже дали ова го земаат предвид и дали се анализира овој дел од Извештајот, кога се зборува за зајакнување на безбедносната политика. Тоа дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание, вклучително напори за поделба на општественото ткиво на земјата и искористување на антиевропските чувства, особено преку таблоидите и медиумите на српски јазик кои функционираат како регионални засилувачи на наративите на Кремљ и уживаат значително влијание, рече Филипче.

Тој изрази и уверување дека Данска ќе работи на решиотелна ЕУ, која презема одговорност за сопствената безбедност и зајакнување на конкурентноста.

-Уверен сум дека Данска ќе работи силно на решителна Европска Унија, која презема одговорност за сопствената безбедност и зајакнување на конкурентноста. Двата главни приоритети се многу важни во денешниот геополитички контекст, тоа е безбедна Европа и конкурентна зелена Европа. Искрено се надевам дека и ние како зелен кандидат за членството во Европската унија ќе го најдеме своето место во поставувањето на данските приоритети на данското претседателство – безбедна и конкурентна зелена Европа, рече Филипче.

Во тој контекст, Филипче ја потенцираше и важноста на политичките договори што се направени во минатото, кои, како што кажа, не се само договори коишто решаваат политички проблеми.

-Имено, во Преспанскиот договор има еден сериозен дел кој укажува на развој на потенцијално партнерство со Република Грција во делот на обновливите извори на енергија, и тоа е нешто што во овој контекст Европа, сметам, треба да го има на ум и да го вгради во сопствената стратегија. Вака како што го именувала и Данска – конкурентна зелена Европа, но особено имајќи ја предвид потребата Европа да стане што понезависна од руските извори на енергенси, нешто што се покажа како многу кризно прашање во изминатиот период, истакна Филипче.

Во однос на безбедноста, тој ја поздрави одлуката на ЕУ за зголемување на инвестициите во воената индустрија и градење на автономна безбедносна политика, независна од трети актери. Во обраќањето на Советот, Филипче стави акцент и на проширувањето на Европската унија, кое, според извештајот на данското претседателство, добива нова тежина, особено со вклучувањето на земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина во заедничката безбедносна политика.

Фото: СДСМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ