• Latest

Филипче: За сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани

March 19, 2021
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: За сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани

March 19, 2021 09:19
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

За сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани и да ги имаат соодветните сертификати за квалитет и да се потврдени од регулаторните тела, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, во емисијата 24 Анализа.

Министерот Филипче, со доза на воздржаност најави дека очекува вакцините од Астра Зенека да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето.

Во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи, дека во однос на оваа вакцина посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релевантни истражувања.

Неколку случаи, посочи Филипче, излегоа во изминатиот период и тоа придонесе да се создаде сомнеж.

– Националните агенции на земјите каде што имаше несакани ефекти од вакцината преземаа мерки на претпазливост и времено го запреа вакцинирањето со „Астра Зенека“. Што е нормално, да бидат внимателни и да се утврди ако има причинско последична врска. Релевантна институција за тоа е Европската агенција за лекови, која излезе денеска со став дека дефинитивно не станува збор за компликации, заради кои што треба да се прекине или ствараат сомнеж. Дефинитивно вакцината е безбедна и нема причинско последична врска со овие случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи, изјави Филипче.

За тоа зошто не е вакциниран, министерот Филипче, повтори дека лично ќе се вакцинира тогаш кога ќе стигнат поголемите дози вакцини.

– Регионалниот директор на СЗО Клуге вчера го потврди тоа дека уште на почетокот сме работеле заедно да го подготвиме нашиот систем и тој е целосно спремен. Меѓутоа се случи да се одложат два механизми, за кои голем број земји веруваа дека може порано да стигнат вакцините. Сега имаме повторно најава, но ќе го кажам со доза на резерва. Дозите ќе стигнат на 31 март и 15 април. Вкупно 100 илјади, но сепак и тие го кажуваат тоа со доза на резерва. Ова ќе биде количина од вакцина на Астра Зенека. И кинеските вакцини, според најавите, ги очекуваме до 31 март, изјави Филипче.

Според директорот на Институтот за имуно биологија Александар Петличковски, бројките за вакцината на Астра Зенека се многу убедливи и заклучокот на Европската агенција за лекови е до некаде очекуван.

– На вкупно 17 милиони дадени дози од вакцината на „Астра Зенека“ се пријавени 37 несакани ефекти во форма на некаква тромботична случка. Тоа прави една фреквенција што е помала отколку фреквенцијата во општа популација, изјави Петличковски.

Несаканите појави кои се еден на милион, нагласи тој, мора да ги споредуваме со три случаи на 100 кои умираат од корона во нашата земја.

– Имаме 115 илјади детектирани случаи на корона и над три илјади мртви. Што прави околу три на сто мртви. За овие несакани ефекти еден, десет на милион нема простор за паника, но заслужуваат сериозни проверки, изјави Петличковски.

Директорка на Инфективна Милена Стевановиќ, рече дека пред многу кратко време ја поминала болеста, но дека ќе се вакцинира со „Астра Зенека“, во првиот момент кога ќе дојде за вакцинација.

-Мораме да имаме доверба во нашиот систем. Јас ја имам, не само затоа што работа во него. Се потешко ќе ни биде во секоја идна и сегашна ситуација, ако не веруваме во она што го прави здравствениот систем. Верувам дека, многу малку верувале и очекувале дека ќе се носиме со работите вака како што се носиме, а јас сметам дека многу професионално и многу добро се носиме, изјави Стевановиќ.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ