• Latest

Флориан Бибер: Бугарското вето е неоправдано и е злоупотреба на моќта на членка на ЕУ

June 30, 2021
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Флориан Бибер: Бугарското вето е неоправдано и е злоупотреба на моќта на членка на ЕУ

June 30, 2021 09:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското вето е секако неоправдано и за жал националистичка злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ. На многу начини, тоа е дури и повеќе безобразно од грчкото вето затоа што става вето на земјата откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство.

Ова го истакнува во интервју за МИА Флориан Бибер, професор на Универзитетот во Грац Австрија и добар познавач на приликите во регионот на Западен Балкан кој ќе учествува на Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи на 1 и 2 јули годинава во Охрид и Отешево во организација на МНР.

Според него, нема многу симпатии за позицијата на Бугарија во ЕУ, која е, вели, дури и смешна, но смета дека таа оди во прилог на некои земји членки кои прикриено сакаат да го одложат проширувањето.

– Проблемот е во тоа што ЕУ е блокирана и што една членка може да ја задржи блокадата, освен ако останатите не ја направат цената за таквата позиција превисока. Неколку членки се обидоа да преговараат и да најдат решение, вклучувајќи ги Германија и Португалија како земја претседавач во заминување, но не беа успешни, вели Бибер.

Смета дека има можност да се реши прашањето со Бугарија по изборите закажани на 11 јули и до словенечкиот самит со Западен Балкан во октомври, но, вели, тоа ќе зависи од исходот од изборите во Бугарија.

– Пред избори секогаш е различно од по избори и мислам дека партиите може да се однесуваат поинаку, ако цената на непопустливоста е јасна, што зависи од другите држави на ЕУ. Доколку партиите останат на своите позиции по изборите, или затоа што притисокот на другите членки на ЕУ не е доволен или од домашни причини, како што се нестабилни и нејасни изборни резултати, тоа може да резултира со подолг застој. Проблемот е што колку подолго треба да се решава, толку потешко тоа станува, вели аналитичарот прашан дали е можно прашањето со Софија да се претвори во замрзнат спор, имајќи предвид дека сите политички партии во Бугарија, предизборно, се со исти ригидни позиции кон евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Флориан Бибер во интервјуто за МИА зборува и за евентуален посилен ангажман од САД за надминување на ветото од Софија, и за реалните опасности од евроскептицизам и дестабилизација на регионот поради блокадата на процесот на проширувањето.

Професоре Бибер, Софија останува на позициите да ја блокира евроинтеграцијата на Скопје. Како го оценувате продолженото вето од Бугарија за стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ?

– Бугарското вето е секако неоправдано и за жал националистичка злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ. На многу начини, тоа е дури и побезобразно од грчкото вето затоа што става вето на Македонија откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство.

Кои се можните последици од ветото по билатералните односи и на релација Северна Македонија – ЕУ?

– Не мислам дека бугарската позиција има многу симпатии во ЕУ и изгледа прилично смешно. Некои земји членки можеби со задоволство се кријат зад неа, бидејќи им дозволува да го одложат проширувањето. Земјите кои се ангажирани во регионот се фрустрирани од позицијата на Бугарија. Проблемот е во тоа што ЕУ е блокирана и што една членка може да ја задржи блокадата, освен ако останатите не ја направат цената за таквата позиција превисока. Неколку членки се обидоа да преговараат и да најдат решение, вклучувајќи ги Германија и Португалија како земја претседавач во заминување, но не беа успешни.

Колку е реална опасноста од евроскептицизам и дестабилизација во регионот, како и од вмешување на трети страни (Русија и Кина)?

– Се плашам дека евроскептицизмот во Северна Македонија е реален и разбирлив. Јас не сум евроскептик, но исто така сум длабоко фрустриран од однесувањето на ЕУ. Мислам дека пораката треба да биде дека некој може да биде критичен кон ЕУ, поради начинот на којшто таа работи во моментов, без да биде против ЕУ. Важно е да се запамети дека има многу различни гласови во ЕУ, вклучително и оние кои ја поддржуваат Северна Македонија и проширувањето. Русија може да биде задоволна од некохерентноста на Европа, иако има разлика во однос на Кина, која го гледа регионот како дел од Европа и иако сигурно сака да најде земји на кои може да влијае преку нејзиниот економски ангажман, не сака да ја запре интеграцијата во ЕУ, за разлика од Русија. Ниту едната, ниту другата немаат многу што да понудат, освен некои политички ангажмани од Русија и „евтините“ заеми од Кина. Затоа не мислам дека тие нудат алтернатива, но тие можат да ги усложнат работите со давање илузија на алтернативи.

Кои се излезните решенија по ветото и дали ќе мора да се чека на стабилна влада во Софија?

– По изборите и до словенечкиот самит со Западен Балкан во октомври има можност да се реши ова прашање. Секако, тоа ќе зависи од исходот од изборите во Бугарија.

Дали може прашањето со Софија да се претвори во замрзнат спор имајќи предвид дека сите политички партии во Бугарија, барем сега, предизборно, се со исти ригидни позиции кон евроинтеграцијата на Северна Македонија?

– Пред избори секогаш е различно од по избори и мислам дека партиите може да се однесуваат поинаку, ако цената на непопустливоста е јасна, што зависи од другите држави на ЕУ. Доколку партиите останат на своите позиции по изборите, или затоа што притисокот на другите членки на ЕУ не е доволен или од домашни причини, како што се нестабилни и нејасни изборни резултати, тоа може да резултира со подолг застој. Проблемот е што колку подолго треба да се решава, толку потешко тоа станува.

Притисокот од Берлин, Париз и други европски центри врз Софија не даде резултат. Дали е можен пробив со евентуален посилен ангажман на САД?

– Не сум сигурен дека Париз некогаш бил толку сериозен во намерата да го смени ставот на Софија, бидејќи, Франција беше скептик во врска со проширувањето и иако можеби не се залагаше, тоа го прави со помалку кредибилитет и убедување од другите. САД би можеле да бидат клучни тука, но зависи од тоа колку далеку се подготвени да се зафатат по ова прашање. Изјавите од претставници на Стејт департментот се охрабрувачки.

Претседателот Пендаровски рече дека по одбивањето од ЕУ, Северна Македонија треба да се сврти кон посилна соработка со САД. Кој е вашиот коментар?

– Има смисла да се изградат добри односи со САД и тоа може да помогне да се надмине ќорсокакот. Сепак, САД се фокусирани на друго место и нема да можат да ја заменат ЕУ. Во оваа смисла, јас го гледам неговото залагање да ги предложи САД како начин да се изврши притисок врз ЕУ и да се создаде повеќе плуралистичка надворешна политика, но на крајот на денот, станува збор за придобивање на сојузниците во ЕУ. Во крајна линија, силните добри билатерални односи со земјите членки на ЕУ не можат да бидат запрени од Бугарија и ќе имаат силен позитивен ефект, економски и политички.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ