Министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, исто така, потврди дека Париз ја поддржува иницијативата предводена од Холандија за преиспитување на договорот за соработка меѓу Европската Унија и Израел, што би можело да влијае на политичките и економските врски, пишува Франс 24.
Претседателот Емануел Макрон ја остави отворена можноста Франција да стане најновата европска нација што ќе ја признае палестинската држава на конференцијата на ОН во јуни.
„Не можеме да им оставиме на децата од Газа наследство од насилство и омраза. Затоа, сето ова мора да престане и затоа сме решени да признаеме палестинска држава“, изјави Баро за радио „Франс Интер“.
„И активно работам кон ова, бидејќи сакаме да придонесеме за политичко решение во интерес на Палестинците, но и за безбедноста на Израел“, додаде тој.
Д. Т.