• Latest

Германска комора: Отворени прашања по пресот на Филипче, да се решат во најкус рок

March 12, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Германска комора: Отворени прашања по пресот на Филипче, да се решат во најкус рок

March 12, 2020 10:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче во врска со коронавирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да бидат решени во најкус рок, реагира денеска Делегацијата на германското стопанство во земјава.

-Не е јасно дали државата или компанијата ќе продолжи да ги исплаќа платите доколку вработениот отсуствува од работното место, доколку компанијата му понуди на членот на семејството флексибилно и поволно за семејството работно време или работа во смени. Отворено е и прашањето во врска со заканата за преземање казнени мерки поради непочитување на мерките кое треба да се разгледа и од аспект на егзистенција на компаниите, вели директорот на Делегацијата, Патрик Мартенс.

Тој информира дека утре ќе се сретне со вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

-Ќе разговараме за клучните прашања на стопанството. По средбата ќе ве информирам за новите сознанија, наведува Мартенс.

Воедно потсетува дека Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) вчера ги објави резултатите од истражувањето за ефектите од коронавирусот врз германската економија.

-Откажани се саеми, манифестации, настани и патувања, а вработените се праќаат во карантин. Надворешната трговија, особено со Кина, изминатите неколку недели е во застој. Како резултат на вирусот скоро секоја втора компанија во Германија очекува намалување на продажбата во 2020 година. Покрај падот на продажбата, компаниите се соочуваат и со застој во оперативните процеси.
Вкупно 70 проценти од компаниите веќе презедоа заштитни мерки за своите вработени против вирусот корона, 60 проценти имаат потреба да бидат информирани во однос на континуитетот на исплатата на плати,  45 проценти не се чувствуваат подготвени за справување со заразени, но и со можни сомнителни случаи во компанијата. Од гледна точка на компаниите потребно е да се преземат конкретни мерки поврзани со економската политика со цел задржување на персоналот како и ликвидноста на компаниите, пишува Мартенс. 

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ