• Latest
Добро утро со Орданоски

Ги надигравме Британците!

January 16, 2019
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ги надигравме Британците!

January 16, 2019 07:20
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]ајголемиот пораз на една влада во историјата на Британскиот парламент во последните 100 години ѝ се случи вчера на Тереза Меј со неизгласувањето на нејзиниот план за Брегзит: 202 гласа за, наспроти 432 против. Повеќе од дупло.

Ваквиот впечатлив владин фијаско е практичниот резултат, за сега, на британскиот референдум за Брегзит, кој со тесно мнозинство пред 30 месеци го освоија оние кои посакаа да излезат од Европската Унија. Парламентот ја превзема во свои раце улогата на врвниот суверен во државата и за толкувач на волјата на граѓаните за условите под кои би се одвивало напуштањето на Унијата. Сè повеќе се засилува тенденцијата дека, можеби, Британија и нема да ја напушти Унијата – а секако не под условите кои тие мислеа дека ќе ги испреговараат со Брисел – откако во долгата расправа по референдумот во британското општество се дознаа деталите за политичките, безбедносните и економските штети што би ги претрпела Британија со напуштањето на Унијата.

Така гласаше Британскиот парламент. Слично како и Македонското собрание, во кое две третини од пратениците ја спроведоа желбата на големото мнозинство на оние кои излегоа на референдумот и се изјаснија по повод Преспанскиот договор.

Немојте да мислите дека и во Британија, земјата во која е измислена парламентарната демократија, процесот на доаѓање до ваквото гласање во нивниот парламент беше полесен – или почист, ако сме веќе до тоа – од маките и понижувањата на кои бевме изложени ние. Меѓу другото, тамошното ниво на сеопшти навреди, клевети, закани, притисоци, пцости, па и физички пресметки и напади врз пратениците, е нешто од што и пошироката, нормална британска јавност е шокирана.

Ако сакате, за релативна споредба, мислам дека ние, во политичка смисла, извлековме далеку поперспективен резултат од она на што Британците и сега може да се надеваат. Таму хаосот, со ова гласање, е само продлабочен, а никој не е сигурен како и на каде ќе се води проектот на Брегзит понатаму.

Водството на Тереза Меј низ тој процес се покажа како исклучително круто, без осмислен обид да се доближи до опозицијата, со водење диспропорционална сметка за ставовите само на радикалните политички струи во својата, конзервативна партија. Изгубија многу време, цели две и пол години, во домашни политички и партиски рововски битки, наместо суштински да преговараат со Брисел за неколкуте клучни прашања за излегувањето од Унијата. Кога ќе се види бројот на фантазмагориите и глупостите што се слушнаа за тие две и кусур години, човек да помисли дека нашиот Тодор Петров би можел да направи престижна консултантска кариера во Лондон!

Какви се последиците од оваа британска катастрофа по самата Европска Унија?

Многумина во европските метрополи ќе бидат задоволни – со хаосот во кој се наоѓаат, Британците си го добија она што самите си го бараа, бидејќи отсекогаш, арогантно и „од високо“, сметале дека ним нешто специјално треба да им се попушта, да се молат, да се тинтраат, другите да им се плашат… Оние поразумните, пак, знаат дека ваквиот привремен исход од процесот за Брегзит е загрижувачки, бидејќи не ги намалува ниту поделбите, ниту тензиите кои се карактеристични и за општествата и политичките елити во многу други членки на ЕУ. На страна што, на крајот, интегрираната европска економија никако не може да има корист од штетите по британското стопанство што можат да се бројат во стотици милијарди евра, доколку Брегзитот не се одвива на договорен и контролиран начин.

Сепак, со ваквиот развој на настаните во Британија, не е исклучено дека нам ни растат шансите за подобар пат во евро-интегративните процеси. На Брисел му треба оптимизам, решавање, а не произведување проблеми. Општото поздравување – со маркантен исклучок на Русија и Србија – на успешната политичка офанзива на македонската власт, под наслов „Преспа мора да падне!“, е оценето како „најдобрата вест (за Европа) со која започна 2019 година“ (Могерини, отприлика).

Но, какви сме ние, никогаш не е доцна да го расипеме добриот прв впечаток оваа година. Всушност, ќе биде вистинско чудо ако тоа не го направиме. Идеи, веќе, има разни…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Print Friendly, PDF & Email
Share452Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ