• Latest
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА ЕДУКАЦИЈА

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025 14:58
in ВЕСТИ, ЕДУКАЦИЈА, ИЗБОРИ
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Share on FacebookShare on Twitter

Вториот круг од локалните избори се одржува во општините каде што во првиот круг никој од кандидатите за градоначалник не освоил повеќе од половина (50% + 1) од важечките гласови.
Во овој круг учествуваат само двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг.

Процесот на гласање е ист како и во првиот круг, со цел да се обезбеди фер, транспарентен и таен изборен процес.

Кој може да гласа?

Право на глас има секој државјанин на Република Северна Македонија кој има наполнето 18 години и е впишан во Избирачкиот список.
Гласањето се врши само на избирачкото место каде што гласачот е запишан.

Како се одвива процесот на гласање?

  • Гласањето се спроведува од 7:00 до 19:00 часот.

  • На влезот во избирачкото место, гласачот го покажува личниот документ за идентификација (лична карта или пасош).

  • Се проверува гласачот со отисок на прст односно Биометриска идентификација на гласачот.
  • Се проверува и се потпишува во Избирачкиот список и добива едно гласачко ливче.

  • Гласањето е тајно, а изборот се прави со јасно заокружување на бројот пред името на избраниот кандидат.

  • Пополнетото ливче се свиткува и се спушта во гласачката кутија.

Кога е гласот важечки?

Гласот се смета за важечки ако гласачот јасно го означил изборот на еден кандидат. Доколку се заокружени двајца кандидати, има други ознаки или нејасни обележувања – гласачкото ливче е неважечко.

Што се избира во вториот круг?

Во вториот круг се гласа само за градоначалник. Советничките листи се избираат единствено во првиот круг и не се повторуваат.

По завршување на гласањето

По затворањето на избирачките места, Избирачките одбори ги бројат гласовите и ги внесуваат резултатите во записници. Државната изборна комисија (ДИК) ги собира податоците и ги објавува првичните, а потоа и конечните резултати.

Како да пријавите нерегуларности?

Ако забележите прекршувања на изборните правила, притисоци или други нерегуларности за време на изборниот процес, можете да се обратите до ЦИВИЛ – Центар за слобода:

📧 monitoring.civil@gmail.com

💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ