• Latest
Фото извор: Претседател.мк

Ѓоргиевска: Да дадеме поддршка во борбата против родово базираното насилство

December 14, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ѓоргиевска: Да дадеме поддршка во борбата против родово базираното насилство

December 14, 2022 20:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото извор: Претседател.мк

Фото извор: Претседател.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се одржа настан „Здружени против родово базирано насилство“, со цел поддршка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, објавува Претседател.мк.

На настанот се обрати сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а за работата и предизвиците со кои се соочува Националната мрежа, презентација одржа Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. За услугите коишто се обезбедуваат во Женските центри во Скопје и Тетово, зборуваа социјалната работничка Бојана Лазаревска и психологот Небахат Имери.

Покрај претставници од Националната мрежа, на настанот присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, канцеларијата на Обединетите Нации, граѓанскиот сектор во земјава, како и претставници на бизнис заедницата и општествено одговорни компании.

Истражувањата покажуваат дека во Северна Македонија секоја трета жена преживеала некој форма на родово базирано и/или семејно насилство. Статистиките укажуваат на бројка од 1500 новоевидентирани жртви на насилство секоја година, но оваа бројка е приближно само 2% од реалните случаи на насилство во нашата држава. Половина од жените биле жртви на насилство од интимен партнер, секоја втора жена е жртва на психолошко насилство, а една од 7 жени е жртва на физичко или сексуално насилство.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство од 2020 година обезбедува услуги во советувалиште за жени и деца жртви на насилство, а во 2021 година ги отвори првите Женски центри за поддршка во Скопје и Тетово, каде досега е обезбедена помош и поддршка за повеќе од 600 жени и деца жртви на насилство. Нивната финансиска одржливост е од исклучителна важност за оваа ранлива категорија, но и за развивање целокупниот систем на заштита од родово базирано насилство во нашето општество.

Во продолжение е обраќањето на Елизабета Ѓоргиевска:

Почитувани присутни,

Искрено ви благодарам што позитивно одговоривте на нашата покана, заеднички да испратиме порака дека сме здружени во борбата против родово базираното насилство – борба која трае и за која треба посветени стратешки и тактички сензибилизирани чекори.

Родово базираното насилство, не е само тема, за која треба да дискутираме. Тоа е реалност за многу наши сограѓанки и секојдневие кое го живеат многу жени, девојки, мајки…и не е доволно да покажеме само емпатија или само да ги осудиме ваквите појави. За да постигнеме вистински успех во борбата против родово базираното насилство, потребен е координиран пристап на сите релевантни институции со цел да се обезбеди ефективна заштита на жртвите од различните форми на насилство, како што е потребно да се работи на развивање на механизмите за поддршка и реинтеграција на жртвите во општеството.

Не случајно споменав различни форми на насилство, затоа што најчесто кога зборуваме за семејното насилство, помислуваме на физичко насилство. Многу ретко се зборува за психолошкото, сексуалното, економското насилство, кои се затскриени во сенката на доминантните, неретко патријархални, културни и општествени динамики. Овие облици на насилство исто така имаат долгорочни последици за жртвите исто како и физичкото насилство, но се во сивата зона и за нив речиси не постои никаква евиденција, затоа што пред сè тешко се докажува нивното постоење пред правосудните органи, така што жртвите најчесто не се осудуваат да го пријават, заради срам предизвикан од културните стигматизирачки стереотипи, и по линија на помал отпор се замижува пред него, и истото се игнорира.

Почитувани,

Aко се обезбедат сигурни институционални механизми за поддршка на жртвите и доколку се применат протоколи за специјализирани услуги, ако имаме правна разрешница во корист на жртвите, како и поголема застапеност на жените на пазарот на труд која ќе биде база за нивна економско зајакнување а со тоа и осамостојување како и општествено ситуирање, во голема мера ќе успееме да помогнеме за реинтеграција, рехабилитација на жртвите, со што ќе превенираме повторување на насилството, или пак ново насилство. Затоа, срамот од околината, недовербата во правните институции и стравот дека никогаш нема да ја извојуваат правдата, економската зависност, недоволната едукација за сопствените човекови права, се меѓу клучните прашања кои мора да бидат широко адресирани од страна на повеќе општествени чинители.

Дополнително, ние како држава, за жал, се соочуваме со ограничени институционални, финансиски и човечки капацитети, што ја наметнува потребата од удвојување на напорите и изнаоѓање на дополнителни начини за помош и поддршка на жртвите на родово базирано насилство.

Дозволете, да потенцирам дека од нормативен аспект постигнат е значителен напредок, што навистина е за поздравување. И континуираните кампањи во голема мера резултираа со подигање на јавната свест, а реално најголемиот чекор напред го направивме со усвојување на Истанбулската конвенција, иако сè уште во тек се измени и усогласувања на националното законодавство, со цел оваа конвенција да заживее и да биде операционализирана.

За жал, она што загрижува, е што во земјава во последните неколку години, особено во периодот на пандемијата на Ковид-19, бележиме негативни трендови и регистриран пораст на жртвите на семејно насилство.

Во таа насока, за почит се заложбите и соработката на јавните институции, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата за овозможување на услуги за жртвите на родово базирано насилство. Сепак, потребни се дополнителни напори.

На женските центри на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, кои нудат специјализирани услуги за жртвите, им е неопходна финансиска одржливост на подолг рок, бидејќи нивното функционирање е од исклучителна важност за целокупниот систем на заштита од родово базирано насилство во нашето општество.

Затоа, целта на овој настан не е само да ја покренеме јавната свест кај сите општествено одговорни чинители, туку пред сè да дадеме поттик и поддршка на чинителите кои работат за поддршка на жртвите, ги познаваат предизвиците со кои тие се соочуваат, но и проблемите кои ја отежнуваат борбата против насилството.

На крајот, дозволете ми само накусо да споменам дел од статистиката што со нас ја сподели Националната мрежа. Тие се загрижувачки.

„Секоја трета жена преживеала некој форма на родово базирано и/или семејно насилство. Секоја година има 1500 ново евидентирани жртви на насилство, но оваа бројка е приближно само 2% од реалните случаи на насилство. Половина од жените во Северна Македонија биле жртви на насилство од интимен партнер. Секоја втора жена е жртва на психолошко насилство, а една од 7 жени е жртва на физичко или сексуално насилство“.

Ова не се само бројки. Ова се ранети човечки животи, често оставени на општествените маргини, и претставуваат една тажна слика за нашето општество, а за која мора да постои нулта – толеранција.

Уште еднаш, ви благодарам за присуството и искрено се надевам дека сите заедно ќе придонесеме за позитивни промени.

 

 

Tags: борба против родово базирано насилствоЕлизабета ЃоргиевскаКабинет на претседателот
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ