• Latest

Говорот на омраза не ја одмина трагедијата во Албанија, земјотресот повод за „ситење“

November 27, 2019
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Говорот на омраза не ја одмина трагедијата во Албанија, земјотресот повод за „ситење“

November 27, 2019 09:18
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во еден од најтешките мигови за Албанија во последните 40 години, говорот на омраза повторно успеа да излезе од најнехуманите, неемпатични и крајно вулгарни глави и да остави свој белег на социјалните мрежи. Додека Албанија брои жртви од катастрофален земјотрес во кој билансот на жртви постојано расте, се појавија коментари на социјалните мрежи во кои ќе можете да ја прочитате, почувствувате омразата кон „клетите Шиптари“ кои според мразачите, дури и си го заслужиле земјотресот. Во објавата на еден Фејсбук корисник се наведува дека „Господ ја казнил шиптарија“ затоа што „Шиптариве демолираа театар“.

Друг корисник пак го нагласува „ефектот на пеперутката“, коментирајќи под пост на ФРОНТЛАЈН кој од рано изутрина е меѓу првите интернет медиуми во земјава кои донесоа релевантни информации за тешкиот земјотрес што ја погоди Албанија, а го почувствува целиот регион. Тој во својот грд коментар тврди дека на Албанија ѝ се случила „инстант карма“. Подолу, во коментар, истиот корисник на ФБ објавува дека му е жал за трагедијата, но не пропушта да каже дека станува збор за „компензација“. Но, говорот на омраза на овој пост не запира тука, затоа што се надополнуваат коментари од типот „кармата е кучка“, „тие не знаат да се однеуваат во театар, камо ли да знаат што е Ефектот на пеперутката“ и „дали така урлаат кога одат во џамија“, со што, освен етничка, изразуваат и верска омраза.

Во одговор на етничката омраза се појавија и изрази како „мајката каурска“. Имаше и коментари кои повикуваа на потсетување дека и Скопје беше погодено од катастрофален земјотрес во 1963 година, а беше изградено од солидарна помош од целиот свет. Имаше и коментари што ги минимизираа напорите на македонските власти да помогнат со зборовите: „Државата помага само на ФБ, а всушност не помага“.

Следуваат неколку примери на говор на омраза по етничка и верска основа:

СЕ ЈАВИ И РЕДОВНИОТ МРАЗАЧ, АМНЕСТИРАНИОТ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27.4.

Исто така, свој коментар за случувањата во Албанија не изостави да даде и Богдан Илиевски познат како Бетмен велит, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, кој исто така беше посочен за иницијатор за „насилствата во Собранието на 27 април 2017“ и за истиот случај беше амнестиран минатата година во декември. Тој напиша: „земјотрес во мини шенген просторот, или народски кажано „тресење глупости“.

Потоа Бетмен велит се надоврза со нов коментар, велејќи дека не знаел дека има жртви во земјотресот, но продолжи да шири говор на омраза, со што својата омраза ја насочи и кон „северџаните“, па напиша и:

„Најлудите елементи на северџанизмот, некрофилните северџани, смртољубните лудаци, повторно покажуваат дека се заболени од едно посебно ментално растројство кое се одликува со тоа што на ништо живо не се радуваат, а трагедиите секогаш (ама секогаш) гледаат како да ги искористат на најнечовечки начин во политички контекст. Како што ги злоупотребуваа трагедиите со малата Тамара, Мартин Нешковски, Младенов, Диво Насеље, Монструм, и од говорница и во спотови во изборни кампањи, користејќи ги за да оцрнуваат политички противник без грам човечност и чувство за семејствата и пријателите на настраданите, така продолжуваат и сега. Газат по лешеви, само затоа што мислат дека ќе поентираат политички на овој начин, сеејќи омраза и со ментално пореметен мозок кој работи на енергијата од лагите кои ги сее.

Сепак, тој не објасни, како и никогаш порано, од каде ги извлекува своите „заклучоци“ користејќи, дополнително, крајно навредливи зборови и говор на омраза.

Од палетата мразачи, може да се издвои и корисникот на социјалните мрежи под псевдонимот Павел Шатев кој напиша:

ПРИЈАВУВАЊЕ ГОВОР НА ОМРАЗА

ФРОНТЛАЈН потсетува дека, доколку граѓаните сакаат да пријават говор на омраза, може тоа да го сторат со пријавување во МВР, но и на веб страницата Граѓански објектив на ЦИВИЛ, на следниот линк. Се разбира, МВР и Обвинителството имаат законска можност, но и обврска да реагираат и по службена должност и допрен глас.

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ

Хуманите луѓе што сакаат да им помогнат на семејствата што се најпогодени од разорниот земјотрес со епицентар во близина на албанскиот град Драч, можат да се јават на 070/075/077 143-400 за да донираат 100 денари или да уплатат доброволен прилог на жиро сметката на Фондот за солидарност 300000001327966 (Комерцијална банка), каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.

Хуманите луѓе од други земји можат да донираат парични средства и на: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA, BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE, BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA, BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11, SWIFT CODE: KOBSMK2X, IBAN CODE: MK07300701000001228.

ПОВИК ЗА СМИРЕНОСТ, СОЛИДАРНОСТ И ХУМАНОСТ

Редакцијата ФРОНТЛАЈН повикува на смиреност, сплотеност, хуманост и заемна поддршка, елиминирање на говоорт на омраза, посебно во мигови кои го кршат човековиот дух и ја смачкуваат надежта во само една секунда. Мигови во кои „снемува“ дечиња, возрасни, животни, домови, моменти во кои фамилии се „зацрнуваат“ засекогаш.

Веруваме дека солидарно Скопје и хумана Македонија, сепак, ќе испливаат на површина, а доказ за тоа се многубројните хуманитарни донации на телефонските броеви за најразлични елементарни непогоди, помошта што земјава ја понуди во 2014 година за време на поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, пакетите храна, вода и облека, СМС пораките кои ги праќаат за своите сограѓани во неволја, сплотеност за време на поплавите во скопско, каде човек со човек беше брат и не препознаваше вера, нација, религија или друг тип на сегрегација и поделба. Ова се мигови кога секој нормален човек треба да повика на хуманост и солидарност.

преземено од ФРОНТЛАЈН

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ