Прифатилиште за улични животни во рамките на општина Аеродром, едукативни и информативни кампањи, субвенции за вдомување миленик и мрежа на „старатели“ на бездомните животни предложија граѓанските здруженија и активисти за заштита на правата на животните на средбата со градоначалникот на Златко Марин.
На средбата присуствуваа и Ана Марија Бранѓолица од ЈП „Комунална хигиена“, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и претставници на локалната полициска станица и стационарот Вардариште.
По внимателно разгледување на сите мерки, општина Аеродром ќе состави и план за реализација со избраните активности.
Од општината информираат дека ќе ја интензивираат соработката со граѓанскиот сектор и соодветните надлежни институции за да може да се делува координирано и ефикасно.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.