Град Скопје ги усвои најновите мерки за управување со отпадот, со цел подобрување на јавната чистота и спречување на неправилно фрлање ѓубре. Според новата одлука, граѓаните ќе можат да го изнесуваат отпадот само од 06:00 до 22:00 часот.
За непочитување на ова ограничување се предвидени казни, со цел да се поттикне одговорно однесување и почитување на јавните простори. Од Градот најавуваат и засилена контрола на јавните површини и континуирани едукативни кампањи за правилно селектирање и депонирање на отпад.
Според градските власти, оваа мерка ќе овозможи поефикасно празнење на контејнерите и ќе спречи создавање диви депонии, особено во урбаните делови каде често се појавуваат неправилно одложени отпадоци.
Во прилог на забраната, се најавува и засилена контрола од инспектори и комунални редари, кои ќе имаат легален основ да санкционираат како физички, така и правни лица што ќе фрлат отпад во забранетото време.
Д. Т.












