• Latest

Граѓаните на Кочани апелираат: Медиумите да не објавуваат снимки и фотографии, политиката да ги тргне рацете од трагедијата!

March 18, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните на Кочани апелираат: Медиумите да не објавуваат снимки и фотографии, политиката да ги тргне рацете од трагедијата!

March 18, 2025 12:22
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Кочани, преку Фејсбук страницата Кочани, апелираа до медиумите да не се објавуваат снимки и фотографии од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, односно да бидат внимателни, но и да ги имаат предвид семејствата на жртвите во оваа исклучително траорна состојба.

Тие ги повикаа и политичарите да не ја користат трагедијата за политички поени. Пораката на граѓаните на Кочани ја пренесуваме во целост:

„Почитувани медиуми, портали, сите што известувате за оваа трагедија,

Размислувате ли пред да објавите? Ги гледате ли насловите што ги пишувате? Дали сте свесни дека овие имиња што ги објавувате не се само бројки. Тоа беа нечии деца. Нечии браќа, сестри, родители. Овој град е мал. Секој од нас загуби некого. Секој од нас познава барем две три жртви. И секој од нас ќе живее со оваа болка засекогаш.

Дали за вас е „добра содржина“ да објавувате видеа и слики од родители што стојат пред болница, со солзи, со раце што се тресат, со срца што им се кинат?

Дали сметате дека треба да се споделуваат моменти кога татко се урива на колена, викајќи од болка? Кога мајка, која девет месеци носела живот во себе, го доела, го чувала од секое зло сега стои скршена, без надеж, без сила, без своето дете.

Дали навистина ова ви изгледа како нормална објава? Дали е вредно за кликови и лајкови?

Родители изгубија единствени синови, единствени ќерки. Сите соништа што ги имале, сите години љубов, сите жртви што ги направиле избришани за една ноќ.

155 семејства сега не дишат, не спијат, не живеат само чекаат. Со телефонот во раце, со надеж, со молитви. Во секоја болничка соба има по едно дете што се бори за живот. По една мајка што го држи за рака и шепоти: „Сине, бори се, ќерко, бори се“.

А вие Објавувате снимки од нивните солзи. Ја продавате нивната болка за кликови. Ја споделувате нивната трагедија како сензација.

Го Почитуваме секој ваш збор на поддршка, но немојте да ни ја крадете тагата. Не ја претворајте во содржина за гледаност. Не смеете да ги делите моментите на очај, на распад, на изгубена надеж

Сите партии се соучесници во ова! Оваа дискотека постои веќе 15 години, во времето на сите власти. Политиката ги уби нашите деца. Корупцијата ја запали оваа ноќ.

Не ни требаат вашите политички пресови, ниту обвинувања меѓу вас. Не сакаме ни опозиција, ни власт да ја користат оваа трагедија за политички поени. Овојпат од вас бараме нешто друго сплотете се, обединете се, еднаш засекогаш!

Во сите страни има по некој добар човек. Соберете сила, најдете ги тие луѓе и исчистете ја оваа држава од темел!

Ништо повеќе нема да биде исто. Нема повеќе толеранција за корупцијата и за вашето збогатување на грбот на граѓаните! Секој што има вина, за најмал детал, мора да одговара без селективност, без компромиси!

Сега гледаме во Кочани ги обвинуваат најситните, најмалите. Обезбедувањето на дискотеката луѓе што таа ноќ спасиле над 100 животи се на тапет. Да, ако имаат вина, нека одговараат. Но, не застанувајте овде!

Оваа дискотека 15 години добивала дозволи. Кој стоеше зад тоа? Кој потпишуваше документи?

Правдата нема да ја најдете во казнување на најслабите. Овој пат, мора да паднат и тие што со години ја градат оваа корумпирана пирамида!“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ