Неформалната група граѓани „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“ вчера одржаа протест пред српското претседателство, најавен по повод посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јавува Anadolu Agency, пренесува босански Дневни аваз.
Десетина граѓани се собраа да го носат транспарентот „Во Хаг, а не во Белград“, како и паролите „Благодариме соседи, ја спасивте Србија од срам“, на кои стоеја и црногорското, македонското и бугарското знаме.
Организаторите соопштија дека го откажале претходно најавениот митинг, бидејќи Лавров ја откажал посетата, а еден од претставниците на групата, Чедомир Стојковиќ, рече дека Србија има причина да слави денеска бидејќи „претставник на воените злосторства и пропагандата за агресија во Украина не дошол во Белград благодарение на поддршката што на слободниот народ во Србија му ја дадоа пријателските соседни држави.
Тој рече дека би било штета ако дојде Лавров бидејќи оваа земја ќе се покаже како земја за која злосторствата во Украина се прифатливи и дека тоа ќе биде „прст во окото на украинските бегалци“.
Стојковиќ додава дека целта на собирот е да се покаже дека во Србија живеат луѓе кои се борат за вистинските вредности, кои вклучуваат раскинување со „криминалниот режим на Владимир Путин и побрз пристап во Европската унија“.