• Latest

Граѓанскиот сектор бара поголема вклученост во секторската група за конкурентност, Владата најавува ревидирање на Деловникот за работа

March 12, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Граѓанскиот сектор бара поголема вклученост во секторската група за конкурентност, Владата најавува ревидирање на Деловникот за работа

March 12, 2021 12:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанските организации бараат поголема вклученост во Секторската група за конкурентност и иновативност и поголема транспарентност, а од Владата уверуваат дека се отворени за соработка и најавуваат ревидирање на Деловникот за работа на секторската група.

На денешниот вебинар, на кој учествуваа претставници од граѓанскиот сектор и од Владата, беше оценето дека учеството на граѓанските организации во работата на оваа Секторска група е важно и тие можат да дадат придонес во креирањето на политики за зголемување на конкурентноста на македонската економија. Граѓанскиот сектор смета дека недостига унифициран модел за избор на претставници од граѓанското општество во секторските групи.

Според Сабина Факиќ, програмска директорка на Центарот за граѓански комуникации, при изборот на претставници од граѓанското општество би можел да се примени моделот што е искористен за мониторингот за ИПА фондовите.

– Тоа подразбира објавување на јавен повик до граѓанските организации и потоа доколку бројот на граѓанските организации навистина е многу голем, да се направи некој вид на селекција и гласање на претставниците на граѓанските организации, ако од технички или било кои причини, бројот на граѓанските организации треба да биде ограничен. Онаму каде што тоа не е потребно, би поттикнала вклученост на сите пријавени граѓански организации, истакна Факиќ.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека не треба да постои сомнеж за тоа дали има желба или не од страна на Владата за вклученост на граѓанскиот сектор. Граѓанските организации, како што посочи, можат да се вклучат, ако нивната мисија на работење е поврзана со конкурентноста и иновативноста.

– Не треба воопшто да се сомневаме дали има желба или не за вклучување на граѓанските организации. Граѓанските организации можат да се вклучат, ако нивната мисија на работење е поврзана со секторот на конкурентност и иновативност. Она што ќе го направам во следниот период е тоа што ќе го дадам на ревизија Деловникот за работа на секторската група, кој е направен во 2015 година. Како чинители можете да дадете предлози за тој да се менува затоа што основата за функционирање на секоја една секторска група е Деловникот за работа, нагласи Битиќи.

Од Стопанската комора на Македонија, која заедно со уште три комори имаат свои претставници во оваа секторска група, сметаат дека е важно заеднички да се креираат политиките за конкурентност и иновативност. Според Јадранка Аризанковска, виш советник во Комората, за да се изгради стратегија со која ќе се подигне конкурентноста на компаниите, потребна е вклученост на сите чинители, вклучително и на граѓанскиот сектор и на академската заедница која се занимава со оваа проблематика.

Податоците од мониторингот направен од Фондацијата отворено општество Македонија покажуваат дека само 9 проценти од анкетираните 107 граѓански организации имаат претставник во секторските групи. 76 проценти од анкетираните се изјасниле дека не дале никаков придонес во работата на секторските групи, а 94 проценти покажуваат интерес за учество во овие секторски групи.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ