• Latest
Фото: Фејбук профилот на министерката Тренчевска

Грковска: Потребата за воведување политики за добро владеење, секојдневно е во барањата и на меѓународната заедница

August 23, 2023
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Потребата за воведување политики за добро владеење, секојдневно е во барањата и на меѓународната заедница

August 23, 2023 21:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Фејбук профилот на министерката Тренчевска

Фото: Фејбук профилот на министерката Тренчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Сите сме свесни дека доброто владеење и потребата за воведување политики за добро владеење, за добро управување, секојдневно е во барањата и на меѓународната заедница, меѓутоа тоа што за мене прво како граѓанин е важно, е тоа што е барање на секој наш граѓанин. Ова вечерва го истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во Кавадарци.

– Заради тоа што ние сите сакаме да живееме во општество што има ред, што функционира подобро, каде секој граѓанин е почитуван, вреднуван на вистински начин, каде правото и правдата се применуваат подеднакво за сите, без разлика на тоа за кого се однесува, дали за политичар, дали за бизнисмен, дали за некој кој воопшто нема никаков општествен статус и едноставно сака да види политичари и функционери, меѓутоа и вработени во јавната администрација, кои си ја вршат работата и професионално и со интегритет, водени од тоа што е добро за сите граѓани во државата, а не од личен интерес, рече Грковска.

И меѓу другото, додаде, воведувањето и подобрувањето на политиките за добро владеење, имаат функција да ги подобрат внатрешните процеси во општеството и да покажат дека можеме и многу подобро и многу поуспешно, заради тоа што имаме одлични луѓе на позиции, коишто си ја работат работата со интегритет и треба да бидат вистински рол-модел за младите.

– Јас секогаш велам дека младите и жените се тие кои ги носат вистинските, позитивните промени во општеството и заради тоа заради потребата да се направи драстична промена, започнавме една кампања уште минатата година, што се вика „Зависи од мене и од тебе“, затоа што бев загрижена прво како граѓанин од генералната апатија што владее кај нас во општеството, особено меѓу младите, што е една од причините заради што тие се одлучуваат да ја напуштат државата. Оваа кампања, „Зависи од мене и од тебе“ ја направивме со редовни средби со младите за да ги отвориме прашањата за тоа што значи интегритет, кои се вистинските рол-модели за младите во општеството, што е тоа корупција, како младите би можеле да бидат нашите партнери во градењето подобро општество, општество што ќе биде многу поотпорно на корупција, рече Грковска.

Да зборуваме, нагласи, за двојните стандарди и колку во суштина тие што сите ние ги имаме во нас, придонесуваат сами да си го рушиме системот од внатре.

– Заради тоа што најчесто нели нас ни е така да наречам, национален спорт, додека разговараме, да кажуваме како другите треба нешто да направат, како другите би било подобро да го направат тоа што го прават, меѓутоа кога ќе дојде прашањето за нашата одговорност, слична одговорност и тоа како ние ги работиме работите и како кога би се ставиле во улогата на друг, како би изреагирале, тогаш и не секогаш го правиме тоа за што сме спремни да кажеме дека другите би требало да го направат на таков начин, подвлече Грковска.

И тоа е главната порака што сакам да ја упатам: „треба да бидеме борци, да не се откажуваме, да не потклекнуваме ни на притисоци, ни на закани, ни на какви било надворешни влијанија, доколку сметаме дека тоа што го работиме е искрено, чесно, во функција на сите и за подобро на општеството каде живееме“.

– Многу е важно да имате цел, можеби не е најважно секогаш да бидете на врвот, но многу е важно да имате цел кон што ќе се стремите. И многу е важно да знаете од каде доаѓате, порача Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија.

Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Tags: „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“Грковска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ