• Latest
Добро утро со Орданоски

Грција и Македонија како сијамски близнаци

January 21, 2019

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
Владата ја прекинa постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

July 4, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

July 4, 2025
Фото: скриншот Х

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 4, 2025

Прв Самит ЕУ-Молдавија: Членство во Унијата и финансиска поддршка пред парламентарните избори во Молдавија

July 4, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Реален поткуп со државни пари – буџетот станува изборна алатка

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Грција и Македонија како сијамски близнаци

January 21, 2019 07:43
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]еделните демонстрации против Преспанскиот договор во Атина уште еднаш покажаа дека помеѓу македонската и грчката десница и крајна десница речиси да нема никаква разлика, ниту во тезите, ниту во силата, ниту во исходот со кој ќе бидат соочени.

Константин Мицотакис и Христијан Мицкоски со месеци читаат иста скрипта во која само се менува името на партијата од Нова Демократија во ВМРО-ДПМНЕ, и обратно, во зависност на кој јазик е текстот. Мицотакис, на пример: „Нова Демократија ќе биде во првите редови на битката да не се ратификува Договорот од Преспа“… Мицкоски, на пример: „ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски алатки и методи да се спротивстави на овој процес“… Аргументацијата за тоа спротивставување е иста, само обратна: Мицотакис вели дека Договорот е катастрофа за Грците, Мицкоски дека е катастрофа за Македонците… Замислете ја таа смејурија да треба да настапат во иста дебатна емисија?!

Таму, на само неколку дена пред гласањето за Договорот во Грчкиот парламент, и покрај сите ангажирани авиони, траекти, шинобуси и автобуси, се собраа шеесетина илјади грчки демонстранти, со атињаните главно игнорирајќи ги протестите; токму колку што и овдека, доколку ја направите неопходната релативна споредба на големината на земјите, и покрај сите ангажирани комбиња, автобуси и шинобуси, би се собрале десетина-дваесет илјади луѓе кои би го изразиле својот протест на улица против Договорот, со скопјаните главно игнорирајќи ги протестите.

Во Атина, како и во Скопје, христијанските национал-конзервативци имаат проблем како да се дистанцираат од хистеричните национал-шовинисти со кои имаат иста агенда, но само различен став по прашањето на палењето на собраниско-парламентарните згради.

И таму и овде, и Мицотакис и Мицкоски се јавно против Договорот, но во очекувањето на политичкиот пораз, ќе бидат пресреќни ако некој друг ја заврши таа неопходна и „валкана политичка работа“ за неговото усвојување. Обајцата имаат проблем како да им објаснат на меѓународните партнери дека сè што прават е, всушност, многу повеќе насочено кон собирањето што повеќе гласови за наредните избори, отколку кон реалната опција да ја сопрат историјата на подобрувањето на односите меѓу двата соседи.

И таму, како и овде, Ципрас и Заев делуваат поуверливо, поискрено и понапредно, од калкулантскиот, реакционарен впечаток што го оставаат Мицотакис и Мицкоски.

Не знам за таму, но овде Мицкоски го интересира само неговиот рејтинг меѓу етничките Македонци. Затоа и ќе ги загуби изборите, претседателските секако, а и парламентарните најверојатно, доколку воопшто се случат. Но, и таму и овде, генералните изборни резултати нема да бидат премногу различни од сегашниот распоред на силите, повторно водејќи до компликувани „леви“ коалиции на власт. А и нам и на Грците секој месец изгубен во изборни и пост-изборни политички пазарења е месец повеќе во одлагањето на прогресивната, реформска агенда за подобрувањето на животот на граѓаните. Бидејќи и таму и овде граѓаните се многу незадоволни од брзината со која се подобрува животниот стандард, наспроти брзината со која луѓето си заминуваат од татковините.

Конечно, и за Мицотакис и за Мицкоски оваа година е пресудна за нивните политички кариери. Не дојдат ли повторно на власт, следува пакување на куферите. Тоа, всушност, поштедени од националистичката патетика, го објаснува нивниот однос кон Преспанскиот договор.

Да беа Ципрас и Заев попаметни, во Договорот ќе ставеа и една „преодна и завршна“ одредба со која меѓународно ќе гарантираа дека, доколку Договорот се усвои и стане обврзувачки и во двете држави, тоа не смее да има последици по персоналните кариери на лидерите на опозицијата.

Така ќе се дојдеше до консензуална политичка поддршка за целиот процес.

Вака…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Print Friendly, PDF & Email
Share394Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ