Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју на ТВ Сител повика да не се седи дома и народот на улица да ја спасува државата, бидејќи тој смета дека е нападната.
„Ако народот не си ја одбрани државата, тогаш ќе има проблеми. Ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе ја одбрани државата, се во заблуда“, рече Груевски, повикувајќи го народот да ја покаже својата сила за како што вели тој, против двојазичноста, нападот на унитарноста и кантонизацијата.