• Latest

Хан: Членките на ЕУ ѝ се понаклонети на Северна Македонија за почеток на преговори

July 30, 2019

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хан: Членките на ЕУ ѝ се понаклонети на Северна Македонија за почеток на преговори

Во интервјуто, новинарот на „Стандард“ забележува дека, со исклучок на Северна Македонија, регионот сѐ уште не ги отфрлил говорот на омраза и национализмот, иако тоа е предуслов за решавање на регионалните конфликти. Хан се согласува со таквата оценка и посочува дека токму затоа е важно Северна Македонија да биде наградена за сите нејзини напори

July 30, 2019 11:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не е тајна дека земјите членки на ЕУ ѝ се понаклонети на Северна Македонија одошто на Албанија кога станува збор за доделување датум за почеток на пристапните преговори“, вели еврокомесарот за соседска политика и проширување во заминување Јоханес Хан во интервју за австриски „Стандард“, јавува МИА.

„Сѐ уште работиме и двете земји да почнат преговори. Но, не е тајна дека расположението меѓу земјите членки за Северна Македонија е едноставно подобро. Двете земји ги исполнија критериумите што ЕУ-членките ги имаа поставено како услов. Затоа дадовме препорака за двете земји. Но, Северна Македонија не само што ги исполни бараните реформи туку ги постигна и историскиот Преспански договор и Договорот за пријателство со Бугарија. Кај Албанија, за жал, во преден план се појавија проблеми: опозицијата не им е во Парламентот, Владата има проблеми да го одржи дијалогот и покрената е процедура за отповикување на претседателот“, вели Хан.

Според Хан, Владата на Северна Македонија постапила на примерен начин и направила напор да ја вклучи опозицијата. Тој потсетува дека остварил состанок со лидерот на опозицијата и дека апелирал до него да продолжи да покажува конструктивен став.

„Тие успеаја да решат децениски политички конфликт и покажаа значајна политичка храброст, бидејќи оваа одлука подразбираше и висок личен и политички ризик. Секако, ова се однесува и на грчката страна, но особено на Северна Македонија, каде што опозицијата е против Договорот. На почетокот, само 20 отсто од населението го поддржуваше Преспанскиот договор, а тоа што договорот се донесе е одраз на водството на Владата. И тоа, исто така, мора да се препознае и соподветно да се награди. Беше стимул за регионот. Кога лани го потпишавме Преспанскиот договор, владееше расположение да се постигне договор и помеѓу Србија и Косово. За жал, овој позитивен развој запре со воведувањето 100-процентна царина на српските производи на Косово. Решавањето на српско-косовскиот конфликт е од суштинско значење за развојот на целиот регион“, истакнува Хан.

Во интервјуто, новинарот на „Стандард“ забележува дека, со исклучок на Северна Македонија, регионот сѐ уште не ги отфрлил говорот на омраза и национализмот, иако тоа е предуслов за решавање на регионалните конфликти. Хан се согласува со таквата оценка и посочува дека токму затоа е важно Северна Македонија да биде наградена за сите нејзини напори.

„Другите влади во регионот многу добро знаат дека патот по кој оди Северна Македонија е вистинскиот. Во многу разговори ми го потврдиле тоа – но, однесувањето им е различно. Во овој контекст, политичарите во Северна Македонија се пример за воведување нов тренд. Така што, ако на Северна Македонија ѝ се дозволи отворање пристапни преговори во октомври, како што очекувам, тогаш се надевам дека тоа ќе влијае позитивно на целиот регион“, вели еврокомесарот.

Хан во интервјуто зборува и за тоа како Северна Македонија го надминала статусот на „заробена држава“.

„Примерот со Северна Македонија покажува дека „заробеноста на државата“ може да биде надмината, бидејќи владејачката партија намерно одбра вклучувачки пристап и презеде мерки да ја одвои државата од партиските интереси. Ние ги почнуваме и завршуваме пристапните преговори со секоја земја со поглавјата 23 и 24 за правда и безбедност. Тоа значи дека нема пристапување ако критериумите поставени во овие две поглавја, како што се владеење на правото, слобода на медиумите, основните права и независно судство, не се исполнети“, рече Хан.

Запрашан дали е разочаран од специјалната обвинителка која поднесе оставка бидејќи е под сомнение за корупција, Хан вели дека обично не коментира за постапки што се во тек, но изразува надеж дека истрагата ќе биде спроведена независно и темелно.

„Фактот дека се реагира веднаш и дека е почната истрагата е знак дека правосудството работи. Пристапот на Владата за интегрирање на СЈО во регуларното Јавно обвинителство како независен оддел ми се чини како добар пристап и се надевам дека законот ќе биде усвоен што поскоро“, подвлекува Хан.

Хан, кој е еврокомесар за проширување од 2014 година, во интервјуто потврдува и дека сака да продолжи да раководи со одделот за проширување и добрососедска политика. Тој посочува дека веќе разговарал со новоизбраната претседателка на Европската комисија Фон дер Лајен, но, не станало збор за негов избор за комесар. Тој потсетува дека за време на Комисијата на Јункер имаше ротации на комесарите, но и дека тоа може да се промени, а зависи само од одлуката на претседателот на Комисијата.

„Реков дека би сакал да останам на полето на надворешната политика, бидејќи во меѓувреме се стекнав со експертиза која тешко дека некој друг ја поседува на европско ниво. Никој друг не бил тука на Балканот толку долго. Јас се фокусирав на Западен Балкан токму затоа што овој регион е од голем стратешки интерес за Европската Унија и не е само експертизата таа што е важна на Западниот Балкан, туку исто така и вредностите како што се искуството, вмрежувањето и прифаќањето да се направат работите“, вели еврокомесарот Хан во интервјуто за „Стандард“.

Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ