По социјалните мрежи често кружат прашања од одредени високи функционери во врска со пописот, кои веројатно се должат на нивната неинформираност во врска со целиот процес.
Едно од тие прашања е како ќе се попишуваат хоспитализираните КОВИД пациенти. ЦИВИЛ МЕДИА се обрати до Државниот Завод за Статистика со истото прашање, на што веднаш го доби следниот одговор:
„По методологија на пописот, попишувачите не влегуваат во болници. Болницата се евидентира како зграда/објект, а сите пациенти што се внатре, ги попишуваат нивните семејства кога попишувачите ќе дојдат во нивните домаќинства.“
ЦИВИЛ со месеци наназад ја информира јавноста за процесот на спроведување на пописот и организира јавни настани низ целата земја. За жал, пописот, иако е статистичка операција, наиде на отпор од одредени политички структури кои процесот го политизираат.
И.К.