• Latest

И Груевски ќе гласа

October 30, 2019
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

И Груевски ќе гласа

Важно е мир. За правдата неважно. И така сите се невини, амнестирани, ослободени, пуштени, парите вратени. И тој нека се врати, избори се ближат.

October 30, 2019 11:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Државава ниту ваму, ниту таму. Без епилог. Ниту во стагнација, ниту во реформи. Судскиве процеси ниту со казни, ниту со ослободувања. Обвинетите, ниту криминалци, ниту чесни. И ова со избориве капак. Ниту предвремени, ниту редовни. Македонија во лимбо. Кој ова го смисли, за Нобел е.

Од нема правда, нема мир, само мир. Во отсуство на правда, и тој со доза на немир. А веќе баш и нема кој да прави немир. Шарените се бирократизираа, зелените се зазимија, ентузијастите се иселија. Македонија е шашардисана. По откачувањето од Макрон, нешто баш и не мириса на арно. Горивото ентузијазам се потроши. А без него, возилото може само удолу. Па, од немајкаде, од немање одговор на тоа – „што сега?“, партииве ќе нѐ возат на избори. Гратис.

И сложно. И власта и опозицијата. На избори што ќе ги загубат. И едните и другите. И пак исто, зашто државава нема каде. Пак изборот е Европа. Натаму и патот е познат. Послан со трње, а нашиве, ниту едните, ниту другите, ниту третите, не се научени по трнливо. Ниту кондиција имаат, ниту табани за дотаму.

Тие немаат, ама други имаат. Најобразованите, лекарите на пример. Само лани и во оваа нецела година, од земјава во Европа си киднаа повеќе од двесте и педесет лекари. Не друго, ќе им скокне цената на бајачките, а партиите нека нѐ`влечкаат по избори. И нека земаат кредити. Важно е мир. За правдата неважно. И така сите се невини, амнестирани, ослободени, пуштени, парите вратени. И тој нека се врати, избори се ближат.

И Преспанскиот нека не важи. Бил врзан со преговорите. Силењето малку неумесно, несолено, последично, авантуристичко. Некој покажува мускули, ама нека внимава да не се преигра. Рингот не е голем. Ќотекот може бргу да се врати.

Македонија се искачи. Се извлече од тоталитарните трауми. Го стори тоа со силата, со желбата, со жртвата на граѓаните. Нивниот активизам урна режим и откри перспективи и за мир и за правда.

Сега, по Макроновото не, Македонија лизга наназад. До некаде ќе долизга. Или до нов ентузијазам или до нов режим. Наместо во Европа, до изборите на пролет секако.

И, како тргнало, неправдата можела пак лесно да стаса, па во април ќе може дури и Груевски да гласа.


 

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ