Во пресрет на изборниот молк, пред вториот круг на гласање на локалните избори, градежните зафати не мируваа. Во населбата „11 Октомври“, во општина Кисела Вода се реновираа улиците. Кој издал таква наредба, прашува граѓанскиот новинар кој ни ги испрати фотографиите, но сака да остане анонимен.
Ден пред изборниот молк во населбите Припор и Пинтија исто така се одвиваа градежни зафати на улиците.
Дали институциите конечно ќе почнат да ја вршат својата работа, да ги пронајдат наредбодавците и соодветно да се казнат за прекршување на изборниот молк?
Д.М.