• Latest

И покрај кризата земјите членки на НАТО го зголемија буџетот за одбрана

March 16, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И покрај кризата земјите членки на НАТО го зголемија буџетот за одбрана

March 16, 2021 12:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го презентираше годишниот извештај за работата на Алијансата за 2020 и го поздрави постојаното зголемување на буџетските стапки на земјите членки за одбраната, јавува МИА.

Шеста година по ред земјите членки на НАТО покажуваат зголемување на буџетите за одбрана, рече Столтенберг.

-Очекуваме овој тренд да продолжи, треба да го задржиме овој момент затоа што безбедносните предизвици нема да исчезнат, рече тој.

Тој се повика и на „високиот степен“ на поддршка за НАТО кај граѓаните. Според анкета реализирани лани во земјите на Алијансата, 62 отсто од граѓаните би гласале нивната земја да остане членка на воената организација, додека единаесет отсто само би гласале за повлекување од НАТО на нивната земја.

И покрај здравствената криза која предизвика економска рецесија, земјите членки на НАТО си ги исполнуваат ветувањата дадени во 2014 да ги зголемат буџетските стапки за одбрана додека не постигнат минимум два отсто од бруто домашниот производ, БДП.

Сепак важно е да се напомене дека во некои случаи ова зголемување се должи и на намалениот БДП кај некои земји токму поради економската криза.

За Столтенберг е важно земјите членки да не се откажат од поддршката за Алијансата поради подемот на Кина како велесила, провокациите на Русија и нејзиното мешање во внатрешните работи на други земји, вклучително и земји на НАТО. Шефот на Алијансата потсети и дека Кина и Русија организираат заеднички воени вежби, што треба да го поттикне вниманието на земјите сојузнички, смета тој.

-Ниедна земја не може сама да се справи со предизвиците, ниеден континент не може сам да се справи со заканите, затоа Европа и НАТО треба да работат заедно, рече Столтенберг и искористи прилика уште еднаш да порача дека иако ги поздравува европските напори во областа на одбраната, тие треба да соработуваат, а не да се натпреваруваат.

-НАТО и ЕУ се различни организации со различни задачи и различни процеси на одлучување, јас го поздравувам фактот што ја зголемуваме соработката, но тоа треба да се прави врз основа на взаемна почит кон интегритетот, ние делиме исто соседство и повеќе 90 отсто од граѓаните на земја на ЕУ живеат во земја на НАТО, ги поздравувам напорите за одбраната, но тоа не може да го замени НАТО, предупреди Столтенберг

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе се сретнат на крајот на овој месец, а подоцна оваа година ќе се одржи и самит на шефовите на држави и влади на Алијансата каде ќе се разговараат сите овие прашања.

Ова ќе биде и прв самит за новиот американски претседател, Џо Бајден, чија заложба за поголем ангажман во трансатлантската организација ја поздрави шефот на Алијансата и изрази надеж дека лидерите на НАТО членките ќе го зајакнат трансатлантското партнерство и ќе се заложат за амбициозна агенда.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ