• Latest

ИМА: Нови политички манипулации и дезинформации за македонскиот јазик од Илија Димовски

July 20, 2022

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ИМА: Нови политички манипулации и дезинформации за македонскиот јазик од Илија Димовски

July 20, 2022 19:52
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter
Професорот Људмил Спасов го демантира Илија Димовски.

Леринскиот говор не е дел од централното македонско наречје, туку е дел од југоисточните наречја. Леринскиот говор не е дел од стандардизираниот македонски јазик уште од времето на Крсте Мисирков, кој е роден во Ениџе-Вардарско.

Продолжуваат политичките манипулации и дезинформации за македонскиот јазик и по објавувањето на едностраните декларации.

Политичарот Илија Димовски, при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа на 19.07.2002 ја коментираше изјавата на проф. Људмил Спасов, објавена во Дојче Веле (Професор Људмил Спасов: Нема откажување од дијалектите, туку дефинирање на стандардизираниот македонски јазик), објави Институтот ИМА.

YouTube player

Новинар на ТВ Алфа: Се појави еве Људмил Спасов, вели, нема откажување од дијалектите, туку дефинирање на стандардизираниот македонски јазик, и тој инстистира дека дијалектите се впрочем, нели, посебна приказна, туку само зборуваме сега за стандардизираниот јазик…

Илија Димовски: …Нека ми прости, професор е, ама се гледа употребната вредност. Не сакам трудот во минатото како професор да му го намалувам, но ова е катастрофа. Значи, он како професор, лингвист, треба да знае дека и леринскиот говор е дел од стандардизираниот македонски…

Новинар: А тој не го спомнува, интересно, во оваа изјава.

Илија Димовски: Е, па, не го спомнува, затоа е политичка неговата изјава. Еве, се да е точно што кажува, не може, нема да најде толкување, како тоа леринскиот говор, којшто е дел од централното македонско наречје, е надвор од границите на Република Македонија, а во изјавата денеска се ограничува на Република Македонија.“

Институтот ИМА го контактираше проф. Људмил Спасов, со две прашања:

Институтот ИМА: Дали леринскиот говор е дел од централното македонско наречје, како што тврди Илија Димовски?

Људмил Спасов: Не, туку е дел од југоисточните наречја.

Во книгата ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК 1  (приредена од академик Марјан Марковиќ) „Леринскиот говор“ е сместен во поглавјето „Јужни говори“ како дел од „Говорите во Костурско“. Во поглавјето „Централните говори“ се обработени „Прилепско битолските говори“, „Кичевско-поречки говори“, и „Скопско-велешки говори“.

Институтот ИМА: Дали леринскиот говор е дел од стандардизираниот македонски јазик, како што тврди Илија Димовски?

Људмил Спасов: Не е, уште од времето на Крсте Мисирков, кој е роден во Ениџе-Вардарско.

Професорот Људмил Спасов не упати на Крсте Мисирков и неговата книга „За македонцките работи (Неколку зборои за македонцкиiот литературен iазик). Уште Крсте Мисирков во 1903 го прогласува „Прилепцко-Битол’цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазици, и централно во Македониiа“. Како што пишува Мисирков: „Около централното наречиiе требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите македонцки наречиiа и да создадат од него iеден убав литературен iазик… Централен град во Македониiа ни iет Велес. От тоi центр географцки, ниiе само мало се оддалечуаме, идеiки преко Прилеп кон Битол’а и Орид. Таков праец при оддалечуаiн’ето од географцкиiот центр се обiаснуат со тоа, оти тиiе краiишча сет от по големо историiцко значеiн’е за Македониiа, а од друга, сет по оддалечени и от србцкиiот и бугарцкиiот iазикои центри, состауаiки от себе македонцки iазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол’цко-Оридцки iет iатката на македонцкиiот iазик, зашчо на запад од него iет Дебранцкиiот (рока), на iуг – Костурцкиiот (ронка), на исток – источниiот или Солунцкиiот (ргка) и на север – Скопцкиiот или северниiот (рука).“

За жал, продолжуваат манипулациите и дезинформациите за македонскиот јазик од страна на политичари и медиуми, кои започнаа уште со објавувањето на првата верзија од т.н. „француски предлог“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ