• Latest

(Ин)дискретниот шарм на дуелите

September 22, 2021

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

(Ин)дискретниот шарм на дуелите

Зошто тв дуелите, се толку интересни за гледачите, а толку важни за партиските поддржувачи? Зошто се толку фасцинантни за јавноста, иако политичарите како Заев или Мицкоски и претходно биле медиумски најекспонирани?

September 22, 2021 23:40
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТАР АРСОВСКИ / DW

Дуелот Заев-Мицковски е, според гледаноста, дефинитивно еден од најинтересните медиумски настани во последниот период, ако не оваа година.  Соочувањето на двајцата лидери на големите коалиции, кое доаѓа во предвечерието на локалните избори, за многумина очигледно беше задолжителна политичка лектира, која ги врза за ТВ екраните во тие три часа, колку што траеше соочувањето. Судејќи по реакциите на јавноста, по самото количество содржина врзана за дуелот која ја продуцираат партиските штабови, како и по врзаната медиумска содржина, очигледно е дека јавноста е гладна за повеќе вакви соочувања, како и дека самиот настан и пораките од дуелот доминираат во политичкиот дискурс после соочувањето.

Се поставува прашањето, зошто дуелите се толку интересни за гледачите, а толку важни за партиските поддржувачи? Зошто токму таа форма на медиумски настан е толку фасцинантна за пошироката јавност, иако токму тие политичари и претходно биле медиумски најекспонирани?  На дуели тешко дека се дознава нешто ново за профилот или однесувањето на политичарите, па зошто тогаш не можеме да се одвоиме од екраните кога тие таму настапуваат?  Во прилог неколку интересни податоци а дуелите воопшто, кои можеби ќе фрлат малку повеќе светло на тој феномен.

Најнапред, дуелите се несомнена демократска придобивка.  Тоа е можност за потенцијалните гласачи, во живо, без цензура, да ги видат своите кандидати, како дебатираат за политиките (или во овој случај, за грешките) на својот противник. Како форма, ти се сеуште најдобар начин да се запознаат со однесувањето, предлозите, перформансот, карактерот, па ако сакате, и за вештината и итроста, на својот политичар. Затоа, тие се неопходен и составен дел на вкупната политичка дебата, и треба почесто да се применуваат.

Понатаму, тие се фасцинантни за политичките гледачи, како еден вид натпревар со кој можат да се идентификуваат, да го следат, да довикуваат од тросед – со еден збор, како финале во спортски натпревар.  Токму затоа, политичари од кои обично сме заситени секој ден, не врзуваат за екраните во моментите кога се во клинч еден со друг.  Ова особено важи за партиските поддржувачи, кои во овој натпревар се поистоветуваат со своите лидери, па за нив, дуелот станува персонификација на целата политичка борба.

За другите гледачи и гласачи, дуелот е еден вид експеримент врз политичарите. Неверојатно е колку интуитивни и невербални информации гледачите процесираат врз основа на еден ТВ дуел.  За нив, тоа е можност да го видат политичарот во услови на притисок, соочен со тешки, понекогаш и непријатни прашања, па затоа, перформансот на ваков вид соочување за гласачите носи повеќе информации одошто самата содржина на настапот.

Ова е особено важно во услови кога личноста и личниот интегритет зазема се позначајно место во одлуката на гласачите за поддршка.  Најголем дел од гласачите не читаат и не се заинтересирани за програми, ниту пак можат да предвидат во какви се ситуации ќе се најде нивниот одбран кандидат во текот на својот мандат, па за нив, изборот се сведува на тоа дали на дадениот политичар му веруваат како на личност, дека кога ќе дојде момент на одлука, ќе знае да „пресече“ како што треба – што е прашање на карактер.  Оттаму, личноста и личните карактеристики, стануваат валидна варијабла за политички избор.

Затоа, дуелот претставува најтешка форма на јавен настап.  Нема читање, нема однапред подготвени прашања или зададени теми, невозможно е да се предвиди што вашиот опонент ќе извади од ракав – или во овој случај, од папката.  Истовремено, најголем дел од гледачите од настапот ќе паметат општи впечатоци, а не аргументи.  На скоро сите истражувања, доминираат импресии од типот „беше смирен“, „со насмевка, со самодоверба“, многу повеќе одошто аргументите, бројките, или податоците изнесени во дуелот.

Соодветно на тоа, бидејќи дуелите претставуваат еден вид јавна психолошка војна, по дефиниција, тие повеќе и одговараат на опозицијата – таа на соочувањата нема што многу да изгуби, па така, може да биде послободна во настапот и нападите.  За власта, секој дуел е можност за губиток, заради отвореноста за сопствениот перформанс во минатото, и тоа пред опонент кој има широк избор на болни точки за напад.  Ова е причината зошто Груевски, на пример, во последните неколку години од мандатот, одбиваше ТВ дуели воопшто – на нив нема што многу повеќе да добие од она кое секако го има во редовните ПР настапи, а има многу што да изгуби.

Нашиов последен дуел, беше прв во подолго време, и Заев и Мицковски беа притиснати од потребата да играат брзо (па со самото тоа, површно) кон повеќе публики и на повеќе теми. Така, без доволно време, и во потребата што повеќе пораки да изнесат во еден дуел, кај лидерите доминираа популистички пароли и симплифицирани црно-бели антагонизми, повеќе одошто содржина, планови, политики и аргументи.  Во ваква ситуација, а имајќи го предвид форматот на дуелот – каде власта по дефиниција се брани а опозицијата напаѓа – мислам дека Заев помина за нијанса подобро, односно Мицковски не успеа да зададе посериозен удар кој би ја изместил ситуацијата. Таквиот биланс, по дефиниција, е, барем делумно, добар за власта.


Преземено од: Дојче Веле на македонски јазик
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ