Од испуштените отпадни води од индустријата скоро целата количина или 92 проценти оди во јавна канализација, пет проценти во земјата и три проценти во акумулации, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци од вкупно испуштените води, пречистени се 0,34 проценти.
Вкупното количество користена вода во 2016 година изнесува 3.699 милиони метри кубни.
Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество е од изворски води 71,86 отсто.
Вкупното количество зафатена вода од индустриските претпријатија во 2016 година изнесува вкупно 3.709 милиони меетри кубни, при што секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 98,96 отсто. (MИА)