• Latest
Фотоколаж: извор Фејсбук

Иницијативата „Кој е следен?“ ја објави рутата, распоредот и правилникот за однесување на денешниот протестен марш во Скопје

March 24, 2025

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иницијативата „Кој е следен?“ ја објави рутата, распоредот и правилникот за однесување на денешниот протестен марш во Скопје

March 24, 2025 14:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фотоколаж: извор Фејсбук

Фотоколаж: извор Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Кој е следен?“, ги објави рутата, временскиот распоред и правилникот за однесување на маршот закажан за денес, со почеток во 18.30 часот од плоштадот Македонија во Скопје.

Од „Koj е следен?” нагласуваат сека се изрично против секаков вид на насилство и провокации и се оградува од било каков повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.

„18:30 – 18:59 Собирање

18:59 – 19:02 Триминутен молк за загинатите, положување цвеќе и палење свеќа на плоштадот “Македонија”

19:20 Почеток на маршот упатување кон Собранието преку Триумфалната капија

19:30 Распоредување во Жена-парк спроти Собранието и Градската болница, 5-минутен аплауз за здравствените работници

19:45 Маршот продолжува кон Холидеј ин, поминува преку мостот Филип II и се движи по булеварот “Гоце Делчев” cè до Владата

20:15 Собир пред Владата

20:20 Шестнаесетминутен молк

20:36 Говори“, е наведено во објавата од Иницијативата.

Иницијативата „Кој е следен?“ објавија Правила и препораки за однесување на маршот:

1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;

2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;

3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;

4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на таквите обиди. Не се впуштајте во конфронтација;

5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехника и слични предмети; 6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.

Од Иницијативата потсетуваат на Член 21 од Уставот: Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.

Оттаму истакнуваат дека маршот е уредно пријавен во надлежната полициска станица.

Иницијативата „Кој е следен“ објави список со барања за одговорност за трагедијата во Кочани. Го пренесуваме во целост.

Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ден во својата историја и за тоа мораат сите виновни да сносат одговорност. Не смееме да бидеме повеќе сведоци на грозоморни настани, кои немаат правна разрешница, кои немаат последици за сторителите и кои не ветуваат дека во иднина тие нема да се повторат. Несреќите почнуваат да се множат, а нивните жртви стануваат се побројни. Како граѓанско движење, „Кој е следен?” гo бара следното:

Транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отворање до несреќата од следните институции:

– Државен пазарен инспекторат
– Министерство за економија
– Државен градежен инспекторат
– Министерство за внатрешни работи
– Државен инспекторат за урбанизам
– Локална самоуправа во Кочани
– Локален градежен инспекторат
– Дирекција за заштита и спасување
– Управа за јави приходи

Дисциплинска, кривична и/или политичка одговорност од сите институции кај кои ќе се утврди пропуст во работењето поврзано со случајот „Пулс”;

– Соодветна одговорност за сите поврзани со изгорената модуларна болница;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот Онкологија;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Дурмо Турс;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Беса Транс;
– Комора на угостители да започне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти, а не само за дерегулација и финансиска помош од државата

Без исполнување на овие барања, Македонија нема како да почне да се лекува. Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран.

СВР Скопје ги известува граѓаните дека вечер од 19 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје поради одржување протестен марш.

-Протестниот марш ќе почне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул. „11 Октомври“, потоа по ул. „Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, информира Секторот за внатрешни работи Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Фронтлајн / Ј. Ѓ.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Иницијатива „Кој е следен?“протестен маршРутатрагедија во Кочани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ