• Latest

Иновацијата – еден од најважните двигатели на економскиот раст

October 18, 2018

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иновацијата – еден од најважните двигатели на економскиот раст

October 18, 2018 12:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Иновацијата е еден од најважните двигатели на економскиот раст во современите економии. Заштитата, пак, на иновациите, односно правата од интелектуална соспственост е исто така услов за развој на економијата преку зголемен број странски инвестиции, беше речено на денешната конференцијата „Трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост во Република Македонија“, организирана по повод 25-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.

– Иновацијата е еден од најважните двигатели на економскиот развој во една земја, особено на среднорочен и долгорочен план. Истражувањата говорат дека бројот на директни странски  инвестиции е во правопропорционален сосоднос со степенот на заштита на правата од интелектуална соспственост, однсно колку повеќе државата ги штити правата од индустриска сопственост, толку повеќе ќе може да смета на странски инвестиции, рече во обраќањето министерот за економија Крешник Бектеши.

За да се зборува за квалитетна промоција на иновациите и за соработката со останатите земји, според него, треба да има издржана правна и политичка рамка. Македонија, потенцира Бектеши, има регулатива хармонизирана со меѓународните стандарди, а тоа овозможува ефикасна заштита и поголема правна сигурност за странските компании и подобрување на инвестициската клима во земјата.

Жељко Топиќ, заменик претседател на Европскиот патентен завод смета дека воспостувањето на национален систем култура за интелектуална сопственост е значајно за растот на националната економија, заснован врз знаење и иновативност.

– Користењето и длабоко суштинско  разбирање на патентниот систем и вредноста на патентите е главен предуслов за економски развој во една современа економија. Тие се силен потик за иновација и за комерцијализирање нови технологии, рече Топиќ.

Според него, информациите кои се содржат во патентите се стимул за натамошна иновација, бидејќи, како што рече, иновацијата носи нова иновација.  Важно е тоа што, како што потенцира, иновацијата која е дел од истечените патенти станува јавно добро.

Директорот на ДЗИС Сафет Емрули информира дека пред Заводот се пријавени повеќе од 32 илјади трговски марки, 10 илјади патенти и над илјада пријави за индустриски дизајн. Регистрирани се, додаде тој, над 26 илади трговски марки, 9.000 патенти, а заштитени се неколку десетици географски називи од кои, како што рече, за пет е обезбедена и реализирана меѓународна заштита.

Емрули потенцира дека со повеќе реализирани проекти и преземени активности се овозможило машинско пребарување кое на нашите пронаоѓачи, бизнисмени и универзитети им дава можност за пристап до податоци од оваа област. Има, рече, неколку проекти за ширење информации за трговски марки и индустриски дизајн од Македонија што, како што рече, го зголемува нивниот углед во светот, но исто така, ја олеснува постапката за странските компании кои сакаат да бидат заштитени во Македонија да добијат информации во реално време за статусот на нивните апликации. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ