Веќе се забележуваат еден милион бегалци од Украина како последица на ивазијата на Русија, илјадници жртви, загубени цивилни животи и економски последици кои дополнително ќе се влошуваат, велат од Институтот.
Од институтот АЛПИ повикуваат на итен прекин на огнот и решавање на сите проблеми преку дупломатија и разговори, истовремено, независноста и автономијата на државите да бидат почитувани.
Членовите на АЛПИ преку свој личен ангажман, како и преку субјектите кои ги застапуваат ќе се залагаат за помош на настраданите од Украина, а преку своето секојдневно делување ќе повикуваат на мир и толеранција, стои во соопштението од институтот АЛПИ.
Институтот за напредно политичко лдиерство (АЛПИ) е програма на Меѓународниот републикански институт преку која млади лидери, претставници од политички партии и невладин сектор, развиваат капацитети за стратешко и натпартиско дејствување и практикување на демократски дијалог. Ова е прва генерација на АЛПИ членови во Северна Македонија.