• Latest

Интеграциите извесни, напредокот во реформите потврден во Дуинг бизнис

November 1, 2018

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Интеграциите извесни, напредокот во реформите потврден во Дуинг бизнис

November 1, 2018 08:26
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија напредува, интеграциите се извесни, а  Дуинг бизнис ја рангираше земјава на високо 10. место во светот според услови за водење бизнис во конкуренција од 190 земји.

Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера оцени дека подобрувањето на регулативата е важно за бизнисот, но уште поважни се политиките што ги спроведува Владата за фер третман на фирмите.

– За разлика од порано не постојат политички притисоци врз бизнис секторот. Повратот на ДДВ се врши технички без селективност и брзо. Имаме поддршка за домашните бизниси. Ова покажува дека за нас е битно приватниот сектор да има еднакви и фер можности за да оди напред. Работиме и на регулативата за поповолна клима за инвеститорите. Финално она што е многу важно за инвеститорите се преспективите за приклучување кон ЕУ и НАТО. Интеграција на земјата во НАТО заедно со добро рангирање на Дуинг бизнис ќе биде најголема поддршка и придонес за пододбрување на привлекувањето на инвестиции во Македонија, рече Тевдовски.

Фокус на економијата најави и премиерот Зоран Заев. – Имаме проектна документација, имаме спроведени тендери и токму тоа е причината за нашиот оптимизам дека ќе се раздвижи состојбата. Пријатели сме со соседите, интеграциите се извесни и сето ова не става во позиција фокусот да биде на економијата и да покажеме резултати со бенефит и чувство кај  граѓаните, преку БДП или реализација на капиталните инвестиции. Продолжуваме во тој правец, критичен основ на опозицијата може да биде само позитивен притисок врз извршната власт да ја зголемат својата реализација, рече премиерот одговарајќи во рамки на собраниската седница посветена на пратенички прашања најавувајќи раздвижување во делот на реализација на капиталните проекти.

Истакна дека во железницата се одблокирани процесите. Вчера се отворени понудите од сите понудувачи за втората фаза, каде грантот е 70 милиони евра. – Верувам дека откочувањето на проектот и севкупната реализација односно изградбата на железничките пруги ќе биде доволен мотив и причина за раст на капиталните инвестиции во тој дел, појасни Заев и информира дека за изградба на патиштата пред се регионалните и магистралните има зголемување од 22 отсто.

Оцени дека севкупните инвестиции во Македонија се задоволителни, но оти се сака да има уште повеќе.

Премиерот смета дека конечно излегуваме од кризата.  – Имаме подобрување за едно место во Дуинг бизнис од 11. на 10. место.  Истовремено во ребалансот на буџетот го корегиравме БДП од 3,2 на 2,7 отсто,  но имавме 3,1 отсто раст во вториот квартал и чекаме статистика да го објави третиот и четвртиот квартал заради тоа што излегуваме конечно од кризата. Очекувам како Македонија се поизвесно се интегрира во ЕУ и во НАТО, толку да биде храброста на домашните и на странските инвеститори уште поголема за инвестирање, рече претседателот на Владата на РМ.

Поддршка на економскиот развој ќе се прави и преку подобрување на човечкиот капитал за што вчера беше објавен почеток на проект со Светска банка од 30 милиони евра.

Според потпретседателот на Светска банка на Европа и Азија Сирил Мулер она што му треба на регионот е човечки капитал, кој е најдобар, бидејќи идниот просперитет на регионот ќе зависи од способноста на овој регион да има човечки капитал на светско ниво. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ