Центар за граѓанска иницијатива во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik, Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија продолжува со организирање на активности на територијата на целата држава.
Во текот на овој месец, ЦГИ организираше шест настани во општините Дебар, Гевгелија и Куманово. Во секоја од општините се одржаа тркалезни маси на кои учествуваа претставници на граѓанските организации, јавни институции, медиуми, млади и жени.
На овие средби се дискутираа теми од областа на граѓанскиот активизам и соработката со медиумите. За одбележување е големото вклучување на младите на овие средби. Меѓу другото, во фокусот на овие средби беа и искуствата од областа на комуникациите меѓу институциите на локално ниво и јавноста. Беа споделени и практични совети за начините како информациите од јавен карактер треба да се пласираат пред граѓаните и новинарите.
Во истите општини се организираа и средби на новинари со советници во општините. За одбележување е добрата соработка со општините, претседавачите на советите и советниците. На овие средби се разговараше за подобрување на комуникацијата и соработката меѓу советниците и новинарите. На овие настани се презентираа и искуства во секоја од општините, како и планови за идна соработка и активности.