• Latest

Странските медиуми со пофалби за инвестицијата од 500 милиони евра во ветерници

October 13, 2021
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Странските медиуми со пофалби за инвестицијата од 500 милиони евра во ветерници

October 13, 2021 13:57
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најновата германска инвестиција од 500 милиони евра во ветерници на „WPD“ што вчера ја најавија премиерот Зоран Заев и германската амбасадорка Анке Холтајн предизвика интерес кај странските медиуми.

„Ројтерс“ оценува дека Владата на Северна Македонија прави сериозни чекори кон исполнување на зелената стратегија на ЕУ за целосна замена на јаглените електрани до 2030 година и напоменува дека оваа инвестиција е крупен чекор кон остварување на таа цел.

– Ветерниот парк „Вирови“ е стратешки проект на Владата кој ќе помогне во транзицијата од производство на енергија доминантно од јаглен кон зелени извори, додавајќи 400 мегавати на планираните 700 мегавати, пишува „Ројтерс“.

„Асошиејтед прес“ во објавата наведува дека Владата на Северна Македонија планира да обезбеди околу 1.500 мегавати од соларни електрани и околу 700 мегавати енергија од ветер.

Американскиот „ABC News“ ја пренесува изјавата на премиерот Заев дека планираниот проект е најголемата германска инвестиција во земјата и најголема во областа на зелената енергија откако Северна Македонија прогласила независност. За инвестицијата објави и грчкиот весник „Екатимерини“.

Инвестицијата беше најавена вчера како најголема директна гринфилд инвестиција во македонската економија. Станува збор за моќна електрана со 69 нови ветерни турбини која ќе произведува 1.335,95 гигават часови чиста електрична енергија годишно. Инвестицијата е на германската компанија „WPD“ вредна 500 милиони евра што ќе се реализира на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка. „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, а со максимална примена и почитување на највисоките еколошки стандарди, ќе снабдува 290.000 домаќинства, ќе ја подобри инфраструктурата и ќе ангажира локални работници и добавувачи. Ветерниот парк се очекува да биде завршен за шест години. Ќе се реализира во три фази. Во првите две фази ќе се инсталираат по 150 мегавати капацитет, а во последната 114 што е вкупно 415 мегавати.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ