• Latest

Иселувањето од земјата и намалениот наталитет ги празнат училиштата

April 2, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Иселувањето од земјата и намалениот наталитет ги празнат училиштата

April 2, 2019 07:12
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе со години се говори дека населението од земјава се иселува. Веќе со години се говори дека наталитетот или бројот на живородени деца се намалува. Веќе со години се говори дека бројот на ученици во училиштата се намалува.

м-р Дончо Герасимовски
Наведените појави преку направените анализи покажуваат дека во подолг временски период или две и повеќе децении континуирано бележат пад односно намалување. И веднаш да кажам дека во учебната 1998/1999 година во основните училишта имало 255.150 ученици, во 2008/2009 година 216.180, а сега или во 2018/2019 година само 188.102. Тоа значи дека во изминатите две децении бројот на учениците во основните училишта во земјава е намален за 67.048.
За разлика од основните училишта во средните, во наведениот период, бројот е намален за 15.770 ученици. И доколку ги погледнеме податоците за бројот на учениците во основните и средните училишта во земјава заедно ќе констатираме дека тие вкупно изгубиле или се намалиле за 82.818 ученици.
Оваа појава на намалување на бројот на учениците секако има влијание и на намалување на бројот на училиштата. Појавата е интересна и загрижувачка од повеќе аспекти за кои треба нови мерки и активности од надлежните инститии во земјава, бидејќи досегашните не ги дадоа очекуваните резултати. Анализите кои ги имам направено и на ниво на региони и општини секако се актуелни, а да не говорам и по населени места. Меѓутоа, тоа е поширока анализа со која треба повеќе да се позанимаваат надлежните институции во земјава.
Во однос на наталитетот односно живородените деца познато е дека дека нивниот број се намалува секоја година. Но, иако тој број се намалува просечно годишно во прво одделение секоја година има околу 1000 ученици помалку. Или ако во 2013 година имало 23138 живородени деца во учебната 2018/2019 година во прво одделение се запишале само 22130 или 1008 деца помалку. Како за основното, така и за средното образование важи истото, имајќи предвид при тоа дека и двете се задолжителни со закон. Според тоа, постојат две можности за толкување на овие податоци, а тие се: дека најголем дел од децата се заминати или иселени од земјава, или немаме целосен опфат. Ваква појава имаме и со бројот на завршени ученици деветто одделение основно образование, а во средно во прва година имаме околу 1000 ученици помалку од завршените. И овие завршени ученици да се прашаме каде се?
Во овој контекст имаме уште една карактеристична појава во основното образование, а тоа е според следењето на бројот на учениците кои се следат на почетокот и на крајот на учебната година. И тука има намалување на бројот на учениците. И, повторно, прашањето е каде се тие? За да се потврди ова што го пишувам, а тоа е веќе потврдено со факти и аргументи низ бројките. На почетокот на учебната 2017/2018 година во основните училишта имало 192.448 а на крајот на истата учебна година 188.517 ученици. Тоа значи дека во текот на учебната година нивниот број се намалил за 3931 ученик и пак прашањето, каде се тие ученици?
И доколку повеќе се прават анализи се повеќе има разно разни појави како на пример, ако ги анализирате бројот на учениците од прво до деветто одделение на почетокот и крајот на годината ќе констатирате дека нивниот број во сите одделенија е намален а и на почетокот на новата година уште повеќе.
Врз основа на направените анализи и прикажаните податоци во разликата на бројките од неколку илјади може да се претпостави дека тие не живеат во земјава а можеби и дел не се опфатени во образовниот процес.
Бидејќи веќе ги имаме состојбите со бројот на училиштата и учениците кои покажуваат дека се намалуваат да спомнам дека бројот на паралелки и наставници се зголемуваат. Но, во сето тоа карактеристична е појавата како и констатациите и препораките на меѓународните институции во однос на работењето во образовниот процес, квалитет на знаење, наставен персонал, програми, содржини и целосно функционирање на образовниот систем. Се оценува дека тој е катастрофално лош за изминатите десет години.
Од тие причини овие две години надлежното Министерство за образование и наука се зафати со реформски активности за подобрување на состојбата. Во таа насока формираше неколку групи кои работат на законски измени, нови програми за работа со нови содржини, намалување на учениците во паралелките, подобрување на квалитетот на наставниот кадар, намалување на предмети и други активности се со цел на подобрување на состојбата. Впрочем и затоа основната порака е кон учениците дека тие треба да трагаат по знаење.
Со преземените мерки и активности на Владата на Република Северна Македонија преку надлежното министерство и неговите институции сметам ќе дадат  разултати и тоа со почетокот на следнава учебна година.

Авторот е демограф и аналитичар, поранешен директор на Државниот завод за статистика

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share49Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ