• Latest

Историска грешка & грешка историска

October 29, 2019
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Евробарометар: Повеќе од половина Европејци поддржуваат проширување на Европската Унија

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Историска грешка & грешка историска

Наместо во одаите на претседателот на државата да паднеше конструктивен, па еве дури и патриотски договор за сплотени активности, за синхронизирани чекори во реализација на нужните реформски стандарди кои можеби до мај и би го омекнале тврдото срце на арогантниот Макрон, нашите партиски елитисти се впуштија во гладијаторски клинч.

October 29, 2019 12:29
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Дека недобивањето датум за почеток на преговорите со Европската унија е грешка, грешка е. Историска, не историска, сеедно, сепак грешка. И за Унијата и за нас посебно. Ова тврдење го промовираа во факт сите релевантни европски фактори освен, се разбира, авторот на грешката, актуелната Макронова дипломатија.

Утешителните потчукнувања по рамо од влијателните меѓународни авторитети е убав гест на внимание. Љубезно одбраните пораки дека вината не е до нас, милуваат врз ушите. Ни влијаат толку благопријатно што колективно не`тераат на дремка. Се чини посебно мамурно делува врз нашите актуелни политички структури. Целиот тој пост- Бриселски амбиент, од првичниот шок, преку депресија сега се движи кон летаргија. Оркестрираната пасторала на европската заедница ги оттурна од реформските обврски.

Изборите во април се изневерена надеж. Испуштена шанса реформски нешто плус да се стори. Свесно, несвесно, намерно, ненамерно, подместено, наместено, сега е веќе неважно. Наместо во одаите на претседателот на државата да паднеше конструктивен, па еве дури и патриотски договор за сплотени активности, за синхронизирани чекори во реализација на нужните реформски стандарди кои можеби до мај и би го омекнале тврдото срце на арогантниот Макрон, нашите партиски елитисти се впуштија во гладијаторски клинч. Во неизвесен изборен натпревар кои на земјава и на граѓаните, нема да им донесат ама баш ништо европско. Освен уште половина година изгубено време.

Не е доцна. Има простор за премисла. Наместо непродуктивни предвремени во април, избори редовни во октомври. Наместо инертна, пасивна предизборна техничка влада, би била покорисна некаква доизборна коалициска творба од широка извршна и парламенмтарна власт.  Влада со сите од претседателската журка на Водно. Со  конкретни и со прецизно дефинирани проекти и рокови. И со задача до пролет на европските лидери да им се испорача видлив и ефектен македонски реформски пакет. Без сомнение, од страна на огромното мнозинство граѓани, би било тоа посакуван про европски исчекор.

Иако едно вакво владино братство од нужда или поради повисоки цели е познато и практикувано во демократскиот свет, за кај нас, за нашиве околности, тоа засега е обична фантазија. Маглива илузија окована од нивото на нашата политичка култура која упорно го форсира партискиот на сметка на државниот интерес.

Е па, ете затоа, со загубеното изборно време, Макроновата историска грешка, ќе си ја преобразиме во наша грешка историска.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ