• Latest
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Иванов: Граѓанското новинарство ја моделира политиката

July 4, 2019
Фото: МИА архива

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер

September 10, 2025

Повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи е во тек, остануваат уште 5 дена до последниот рок за пријавување

September 10, 2025

Орце Ѓорѓиевски: „Зборот е збор, EXIT во Скопје“ – ЕXIT со демант: „Не се преселуваме во Скопје“

September 10, 2025

Граничната полиција на БиХ не била информирана за поништувањето на пасошот на Додик

September 10, 2025
Пожарникарите гаснат пожар што избувна по рускиот напад врз Житомирската област на 9 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Чист тероризам: 29 убиени, 34 повредени во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден, најмалку 25 убиени во украинско село за време на исплатата на пензии

September 10, 2025

Дебата за Србија во Европскиот парламент, Европската народна партија објави одлука за „напредњаците“ на Вучиќ

September 10, 2025
CCTV го сними моментот на израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас тврди дека раководството го преживеало израелскиот напад во Доха, но потврдува шест смртни случаи

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Прва реакција на НАТО членка: Полска собори руски дронови за време на масовен напад врз Украина, додека Путин „го тестира Западот“

September 10, 2025
Фото: Твитер

Полска собори беспилотни летала во својот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Иванов: Граѓанското новинарство ја моделира политиката

Токму поради фактот што секој може да биде „новинар“, но и поради фактот што секој може да биде „анти-новинар“, професионалните новинари ја имаат дополнителната обврска во мноштвото пласирани информации да се борат за вистината. Да ги проверуваат вестите, да ги поткрепуваат со факти, да ги демаскираат лажните вести и да ги разобличуваат намерите на нивните креатори и на нивните контролори на нивните разнесувачи, истакна новинарот Зоран Иванов

July 4, 2019 15:16
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Медиумите и новинарството се подложни на динамични промени во контекст на развојот на комуникациските технологии и во контекст на политичките системи, како во позитивна (брзина, достапност, демократска јавност…), така и во негативна смисла на зборот (лажни вести, говор на омраза, манипулации, доминација на бизнисот и политиката…). Тргнувајќи од тезата дека граѓанското новинарство може да придонесе во општествените и политичките промени, во разговорот со новинарот Зоран Иванов ги начнавме прашањата што всушност е најважно за новинарството во денешно време, влијанието нна граѓанското новинарство и активизмот, како во борбата против лажните вести и говорот на омраза во дадените позитивни и негативни контексти.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што е најважно да знаат тие што сакаат да се занимаваат со новинарство во денешно време во дадените контексти?

ИВАНОВ: За секој што сака да стане новинар, да се посвети на таа професија најпрво треба да се знае самиот себеси. Да се запознае себеси. Да се скенира како личност со сета своја внатрешност.

Новинарската професија како непишано правило го бара тоа од секој новинар како фундамент на професијата. Исто онака како што некој нема природни предиспозиции  да биде врвен атлетичар, на пример, или талентиран фудбалер, така и новинарот и секако потенцијалниот новинар треба да поседува посебна човечка особина. Да е личност со карактер. Да е човечен, да е борец за праведност, да е доволно храбар да ги гледа в очи и најголемите авторитети. Да нема комплекс на пониска вредност уште помалку на повисока.

Новинарството е одговорна професија, многу одговорен и таа професија бара карактер од човек. Бара личност со високи морални вредености кои го прават човек со дигнитет. Само таквите карактери ќе станат авторитетни новинари. Денес секој е писмен. Ако се сака, новинарскиот занает лесно се совладува. Секој млад човек е образован. Но тоа е помалку потребно за да се биде новинар. Уште помалку да се биде добар новина. И најмалку да се биде авторитетен новинар.

Ова последново е важно зашто новинарството е јавна професија. Најавна професија. Нема професија што е по јавна од новинарството. Не се тоа ниту политичарите ниту естрадните ѕвезди. Новинарот преку медиумот во кој работи или индивидуално како  новинарски авторитет, преку своите новинарски продукти, може да е и е катадневно присутен во јавноста. Луѓето го читаат, или го слушаат или го слушаат и гледаат. Нивните реакции се стрес за новинарот дури и кога се позитивни. Но неговата постојана јавна присутност меѓу журналистичката публика, новинарот го прави општествено најприсутен и воедно и општествено најодговорен. И како професија новинар и како и личност новинар.

Aлатката која сите ние ја поседуваме, а која сè уште по навика ја нарекуваме „мобилен телефон“ е новото мултимедијално чудо, новинарска алатка со многу можности, Зоран Иванов, новинар/ Фотографија: Д. Муратов

Оттука и фактот дека секој не може да биде новинар. Новинар може да се нарече секој ама новинар може да биде само оној кој умее да ја разбере, да ја сфати моќта на јавниот збор и моќта на медиумот. Кој умее уште на почетокот на својот новинарски ангажман да разбере дека новинарските алатки како што се перото, сега тастатурата, микрофонот, камерата и сите други што особено сега ги нуди информатичката технологија, се оружје. Се опасни алатки кои смеат да бидат само во рацете на одговорни журналитички професионалци.

Од проста причина што доколку се употребуваат неправилно и етички нестандардно и морално недозволиво, тие можат да наштетат на вистината која е елементарниот репер за новинарската работа. Дополнително, со злоупотреба на новинарската моќ, на медиумската и на редакциската позиција, тие можат некого неоправдано да натажат, да повредат, да трауматизираат, да депримираат.

Од друга страна, токму новинарот и новинарството, редакцијата, медиумот се субјектите за правилно фактографско информирање на јавноста, за автентично пренесување и толкување на настаните и за регистрирање на појавите. За публиката, за јавноста, за консументите на новинарските информации да бидат тие точни, правовремени и проверени, а со тоа и авторитетни.

Новите технологии на новинарството му даваат нови можности, нови практично безгранични можности. Денес, благодарејќи токму на интернетот и на алатките на информатичката технологија, навидум новинар може да биде секој. Буквално секој без исклучок. Алатката која сите ние ја поседуваме, а која сè уште по навика ја нарекуваме „мобилен телефон“ е новото мултимедијално чудо, новинарска алатка со многу можности. Со него секој, може да созадде вест, информација со текст и видео од било кој настан на кој се нашол намерно или случајно. На некоја невообичаена, несекојдневна случка од каде што можеме да направиме вест и да ја пласираме во јавноста.

Да ја емитуваме брзо и ефикасно до некоја  редакција, до некој портал или само на нашиоит профил на нашата социјална мрежа. Потоа, во зависност од нејзината атрактивност за потесната или за пошироката јавност таа, токму преку тие нови интернет можности, брзо станува достапна за секого. Таа брзо, не само што допира до бројни корисници на вести, туку и брзо формира единечни и колективни ставови во општеството.

Згора, токму интернетот и се` помасовното активно присуство и учество на широката публика на социјалните мрежи, ја формира и општествената демократска јавност. Значи, сите ние како граѓани во исто време сме во можност и да креираме вести и да коментираме вести и да заземаме одредени ставови во врска со нивните содржини. Да учествуваме во јавниот социјален живот и да формираме составени судови за секој настан, за секоја информација.

Тоа е едната, онаа убавата демократската страна на медалот на можностите што ги нуди технологијата. Сега со нејзина помош секој може да пласира автентични и аргументирани вести и други прес информации.

Но, во исто време и секој може да биде во улога на манипулатор, да емитува лажни информации, да создава лажни слики, недоумици, да наведува на невистини, да сее омраза, да биде во платеничка или во најмала рака во навивачка функција и мисија на одделни политички или бизнис центри чии намери се да се дојде до гола власт за привилегии или до нечесен профит на сметка на чесните граѓани.

Но, затоа се тука новинарите. Редакциите и медиумите и новинарите и уредниците со своите одговорности спрема јавноста. Со авторитетот на професијата која е професија на вистината и професија за вистината. Токму поради фактот што секој може да биде „новинар“, но и поради фактот што секој може да биде „анти-новинар“, професионалните новинари ја имаат дополнителната обврска во мноштвото пласирани информации да се борат за вистината. Да ги проверуваат вестите, да ги поткрепуваат со факти, да ги демаскираат лажните вести и да ги разобличуваат намерите на нивните креатори и на нивните контролори на нивните разнесувачи.

Токму затоа и е таа одговорна улога на новинарот, на уредниците и редакциите. Тие се главниот столб во борбата против лажните вести. Против вестите со навредливи содржини, со говор на омраза, со интенција за шовинизми, ксенофобии и разни други видови фрустрации.

Ама новинарот и новинарството за да бидат таа заштита на јавноста, на демократската јавност, прво како личности со карактер треба да ги поседуваат особините од почетокот на текстов. Во спротивно, опасноста е дека и тие ќе станат дел од авторството на лажните вести, учесници во говорот на омраза и потпалувачи на разните изми.

И токму затоа што новинарството е најавна професија, аналогно на тоа и мошне одговорна професија, новинарството за новинари бара храбри и чесни луѓе.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали и како можат граѓанското новинарство и активизмот да придонесат кон подобрување на состојбите во областа на доброто владеење и почитувањето на човековите права и слободи на локално и национално ниво? 

ИВАНОВ: Граѓанското новинарство е оној новинарски и редакциски пристап кој најдиректно е свртен спрема граѓаните. Спрема нивните секојдневни потреби на местото на живеење, во градот, квартот, маалото. Родено во најдемократските европски земји, скандинавските од пред нешто повеќе од четврт век, својата функција катадневно ја оправдува и ја потврдува со мноштвото покренати активности и со резултатите од нив.

Со својата настојчивост, со отворањето на редакциите за граѓаните, за нивните теми од нивното секојдневие, за нивните нужности, со јавните обраќања и прозивки за несработеното до надлежните, до институциите, до одговорните за состојбите и за потребите на луѓето, граѓанското новинарство се преобрази во динамична материја која ја моделира политиката и ја принудува да се спушти меѓу граѓаните и да се става во најнепосредна функција на нивното животно секојдневие.

И особено, со силината на ангажираното новинарство, да ги отвори институциите, да ги принуди да си ја работат работата, да сфатат дека тие самите по себе не се сопственост на самите себе, туку на граѓаните. Да ги направи најдостапни во секојдневието на луѓето и да го даваат својот долг за квалитетот на живеењето.

Граѓанското новинарство е новинарство без здив. Тоа покренува акции и не се откажува се додека, во рамките на можното и реалното, не ја раздвижи политиката и надлежните во вистинска смисла на зборот. Вистински да бидат посветени на животот.

Граѓанското  новинарство е одблесокот на стварноста. Луѓето се неговата преокупација, а политиката и институциите и ги турка на нивниот вистински колосек посветено и одговорно да работат за од кого се создадени и плаќани.

ЦИВИЛ: Дали и како може да се добие битката против говорот на омраза и лажните вести?

ИВАНОВ:  Само со вистински и крајно професионален журналистички пристап спрема одговорната новинарска професија и со придржување на новинарите до новинарските стандарди за вистина и непристрасност и особено со моралните вредности и со етичките стандарди, новинарството може да го оправда своето учество во јавниот живот и новинарите својот ангажман во новинарската професија.

Секоја спротивност на овие познати начела новинарството, новинарската професија и новинарите само ќе ги вброи во соучесници во се помасовната продукција на лажни вести и на говор на омраза. Ќе ги промовира во обични колаборационалисти на јавните и на тајните центри на разните политички и бизнис моќници на кои им се важни позициите, привилегиите и парите, а на кои вистината, демократијата и судот на јавноста им се непознати категории.

Разговорот го водеше: Биљана Јордановска 

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share73Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ