• Latest

Ивановска: Генерално, не само во нашата земја, владее впечаток дека постои високо ниво на политичка корупција

January 27, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ивановска: Генерално, не само во нашата земја, владее впечаток дека постои високо ниво на политичка корупција

January 27, 2020 14:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веста дека во рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата Северна Македонија бележи пад од 13 места, односно со 35 поени е пласирана на 106 место, за разлика од 2018 кога била на 97 место, го отвори прашањето на што се должи овој пад, со оглед на забележливите успеси на Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.

На оваа тема, како и за актуелното прашање дали министерката за правда Рената Дескоска може да биде членка на Венецијанската комисија и паралелно да биде на функцијата министер, разговаравме со претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

ЦИВИЛ МЕДИА: На што се должи падот од 13 места на земјата во рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата, што го објави Транспаренси Интернешенел и дали е во прашање само случајот „Рекет“?

ИВАНОВСКА: Индексот е пресметан врз база на 7 извори на податоци од 7 независни институции специјализирани во областа на управувањето како и анализа на бизнис климата.

Генерално, на само за нашата држава, впечатокот е дека постои високо ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работењето на јавниот сектор, недоволен капацитет и неефикасност на контролните и регулаторни тела.

Според резултатите што конкретно се однесуваат на нашата држава, најслаби оценки сме добиле од Economist Intelligence unit EIU, во делот влијание на политиката врз економијата и бизнисот, 19.79 поени  и Varieties of Democracy Project VDP 27.53 поени  во делот на демократските процеси.

Собирани се двегодишни податоци и нормално дека сè што се случувало во тие две години имало влијание вклучително и случајот „Рекет’, кој направи длабоки потреси во државата. Доколку ние покажеме дека ќе се справиме со овој случај, нели, постапките уште се во тек, но ако има завршница каде ќе се разобличат сите извршители што се вплеткани, ќе добиеме на поени.

За надминување на овие состојби треба да се вклучи целото општество, а особено треба да се остави простор за работа на независните тела како што е и нашата институција. Ова дотолку повеќе што една од надлежностите на ДКСК е следење на финансирањето на политичките партии, што е многу важен сегмент од наодот влијание на политиката во економијата и бизнисот, бидејќи вообичаено главните финансиери на партиите подоцна се јавуваат како економски оператори кои ги добиваат тендерите. Постојат ефикасни начини за следење на овие текови на пари, кои за жал сè уште не можеме да ги ставиме во функција, поради проблемите кои веќе цела година ги предочуваме на одговорните во државава како и на јавноста, дека немаме услови тоа да го воспоставиме.

Сепак како најважен момент би го споменала подигнување на свеста на сите чинители во општеството, особено на оние кои се бават со политика тоа да го прават од идеолошки, а не од користољубиви причини и пред се во корист на јавниот интерес на граѓаните.

ЦИВИЛ МЕДИА: Номинацијата за член на Венецијанската комисија за министерката за правда, Рената Дескоска, е прифатена. Сепак, како дискутабилно прашање го наметна опозицијата, дали истовремено може да биде и министерка и членка на Венецијанската комисија повикувајќи ја ДКСК да даде свое мислење? Кој е ставот на ДКСК, дали ќе се отвори предмет по ова прашање?

ИВАНОВСКА: ДКСК отвори предмет за овој случај, за да се разграничат сите прашања поврзани со овој случај. Нас не интересира следното: кои се правилата за членување во Венецијанската комисија,  дали таа си има свои правила, критериуми, од друга страна каква е постапката за номинација од страна на нашата држава и дали сите овие постапки имаат некакви пречки со нашиот закон: дали тоа се смета за јавна функција или не, кај нас не смее да постои акумулација на јавни функции. Ние веќе имавме разговор, односно интервју со министерката Дескоска. Понатаму испративме писмо до Владата во кое побаравме да ни ги достави податоците околу нејзината номинација, но исто така ќе ги провериме и самите правила дефинирани во Деловникот и во Статутот на Венецијанската комисија и што тие предвидуваат. Колку што знам и сум информирана секој претставник кога станува збор за дискусии од неговата земја не смее да учествува во расправата во Венецијанската комисија ниту пак да одлучува. Тоа се правилата кои што ги има воспоставено. Но, како и да е, ние го почнавме случајот, да ги собереме овие процедурални прашања и понатаму ќе си излеземе со наш став.

Министерката не е единствен претставник. Во државата може да има и други такви претставници, едноставно да си го изградиме ставот не само за овој случај туку и за сите во иднина.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ