Избирачките места на претседателските и парламентарните избори во Турција затворија во 17 часот по локално време. Гласовите веќе се пребројуваат.
Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган се соочува со досега невиден предизвик од опозицијата која би можела да стави крај на неговото дводецениско владеење. На еден банер на опозицијата се истакнува Адана, која беше тешко погодена од неодамнешниот катастрофален земјотрес: „Адана ќе те докрајчи“ (фото).
Изборните резултати се неизвесни, бидејќи се очекува разликата меѓу двајцата ривали, Ердоган и главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу, да биде тесна.
Гласањето доаѓа помалку од три месеци по земјотресот кој уби повеќе од 50.000 луѓе и раселени повеќе од 5,9 милиони низ јужна Турција и северна Сирија.
Изборите, исто така, се одржуваат во услови на сериозна економска криза и, според релевантни аналитичари и организации, ерозија на демократијата под власта на Ердоган.
Според набљудувачите, досега не се пријавени поголеми безбедносни инциденти или нерегуларности на избирачките места. Медиумите јавуваат дека три лица, двајца гласачи и еден набљудувач, добиле срцев удар на самите избирачки места, веројатно поради тензичната изборна атмосфера.
Џ. Д.