• Latest

Избори има да нема

November 6, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Избори има да нема

По наглото свртување на францускиот реморкер под закана  на американската ласерска рампа од Вашингтон, попушта студенилото на Макрон. Тој сега само бара начин како елегантно да се извлече од своето ригидно не за проширувањето.

November 6, 2019 11:42
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Не омекна толку срцето на Франција колку што Америка ја стисна својата натовска тупаница. По наглото свртување на францускиот реморкер под закана  на американската ласерска рампа од Вашингтон, попушта студенилото на Макрон. Тој сега само бара начин како елегантно да се извлече од своето ригидно не за проширувањето. Воедно е и многу погодно алиби да ретерираат и домашните тркачи по гласови. Макрон ги извади на предизборниот терен, Макрон ќе ги враќа во соблекувалната. Нема вонредни парламентарни.

Кој и како од нашиве сега ќе се вади или ќе обвинува, како ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ќе си го мавтосуваат членството, симпатизерите и гласачите, е само до партиските ЕПП умешности. Избори на пролет не сака никој. Накусо по ред:

Темата на Христијан Мицкоски “Обнова на Македонија” не запали. Освен грст најверни вмровски фанатици, тој не успеа да ги заинтригира ниту партиските симпатизери. За неутралните пак воопшто и не станува збор. Ниту ја преобрази партијата ниту се изолираше од претходната политика и нејзините кадри. Ниту пак изгради јасна платформа со чисти ставови. Неговото ни ваму ни таму не го носи на победа. Теренот деновиве му покажа дека без компас на избори не се оди. Сега само му оснаува маркетинши да извлче максимум од изборното повлекување на власта и себе од помпезното инсистирање по кашата „предвремени“.

Ниту пак Зоран Заев има посебна нужда изборно да се истрчува во април. Оттогаш до редовните има само шест месеци од кои два се летни. Додатно, со овој омекнат Емануел чие „не“ за Македонија се топи како лански снег, водата пак надира на неговата воденица. Па наместо избори во април, приближно за најавениот изборен термин, покрај оној од НАТО, му се насмевнува и вториот трофеен капиталец, овојпат од ЕУ. Би било и неумесно и политички наивно кога би дозволил да ја испушти шансата сега да не го шутира пеналот што му го изнуди моќната американската дипломатија. И без партискиот слоган тој е „на парв пат“.

Шефот на ДУИ пак, не срочи предизборен слоган. Тој однапред знаеше дека ќе нема избори во април. Во претседателската резиденција на Водно од немајкаде, нешто за да манифестира сигурност, нешто од солидарност, крена рака за дванаесетти април. Ова со ретерирањето на француските ставови некако и нему му е добродојдено да добие во време. Во партијата знаат дека електоратот веќе заборава на 2001-та, дека оттогаш се роди и израсна една цела нова гласачка генерација, дека административните вработувања по дома повеќе не палат и дека забавата со конспиративните нспекции по двојазичните табли баш никого од гласачите и не покренува.

Заклучок: Без посебни причини и секој со посебни мотиви, предвремените не ги сака никој и е многу извесно, априлските да бидат октомвриски.

До соопштувањето на веста ќе има уште по некое партиско тетеравење и, толку.

На 12-ти април избори има да нема.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ