• Latest

Изборни новитети, политичари-екологисти и невработеност на Ден на протестот

April 12, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборни новитети, политичари-екологисти и невработеност на Ден на протестот

April 12, 2019 18:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборни новитети

Државната изборна комисија организира едукативен и информативен караван како дел од кампањата „Глас по глас“ низ поголемите општини во државата. Самиот караван во текот на неделата ги посети Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Вевчани и неколку општини во Скопје.

Исто така, на овие претседателски избори нема да се чека полноќ за да се дознаат резултатите и победниците од гласањето. Благодарение на одлуката на ДИК за искористување на можностите што ги нуди модерната текнологија, резултатите на претседателските избори ќе се дознаат многу побрзо од времето на другите избори.

Според оваа одлука, претседателите на изборните места електронски ќе пратат до централата на ДИК слика од првиот извештај со резултатите од изборното место. Овие податоци автоматски ќе се објават како неофицијални на веб страницата на ДИК и така ќе се сумираат.

Претседатело на ДИК, Оливер Деркоски, денеска извести дека и наредните денови можат да си аплицираат сите заинтересирани за набљудување на изборниот процес. Досега неофицијална бројка на набљудувачи стигнала до 3815, а 13 меѓународни новинари барале акредитација за следење на претседателските избори на 21 април и 5 мај.

Политичка грижа за животната средина

Граѓанското здружение О2 Иницијатива, организира на трибината: „Деградација на животната средина – Закана по националната безбедност“, што ќе се одржи во недела (14 април) во Јавна соба со почеток во 15:30 часот.
Во пресрет на претседателските избори, имајќи ја предвид сериозната состојба со загадувањето и масовна и сеопфатна деградација и уништување на животната средина и на еколошките потенцијали во нашата земја, каде само поради аерозагадувањето имаме огромен број на човечки жртви, О2 Коалиција дека претседателот во доменот на своите ингеренции може, треба и е неопходно да влијае врз решавањето на овој огромен проблем.
На трибината ќе учествуваат тројцата кандидати/ка за претседател/ка проф. Гордана Силјановска Давкова, проф. Блерим Река и г-ин Стево Пендаровски.
Во меѓувреме, заменик министерот за животна средина и просторно планирање ветува Научно советодавно тело за справување со аерозагадување. Имено, оваа тело ќе го сочинуваат експерти од универзитетите во нашата држава, МАНУ и Фондот за иновации. Тие освен што заеднички ќе работат да се подобри состојбата со квалитетот на воздухот ќе бараат и фондови за финансирање на сите активности и решенија за научно и долгорочно справување со проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух.
Невработеност
Илјадници невработени и илјадници празни работни места, но ниту едните прифаќаат понуда за работа, ниту работодавачите успеваат да најдат кадар за пополнување на празните места. Ова е реалната тажна слика за невработеноста во Северна Македонија, а која е последица на сè уште ниските плати кои се недоволни за да ги исполнат потребите и очекувањата на граѓаните. Половина од пријавените во Агенцијата за вработување се пасивни баратели односно на секои шест месеци само се пријавуваат во Агенцијата.

Од другата половина, поголемиот дел не се пријавуваат на интервјуа за вработување, а и оние малку кои одговораат на поканите, сепак по извршеното интервју не ја прифаќаат понудата. Според директорката на агенцијата, причини се работното место, смените како и платите кои им се нудат.

Хроника

Како што се наближуваат претседателските избори, така се множат и активностите на кандидатите за претседател на државата. Штабовите на независниот кандидат Блерим Река и натпартискиот кандидат Стево Пендаровски – коректни во исвестувањето на медиумите за нивните претходни и претстојни активности. Од штабот на независната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска -Давкова најверојатно се попребирливи, па внимателно ги бираат медиумите на кои што ќе им праќаат „доверливи“ информации за нивните претходни активности.

Се на се, кампањата ги  зближи граѓаните во гледање сеир, но, се чини дека ги оддалечува од евентуалниот избор за избор на посакуван претседател.

ЦИВИЛ го одбележа Денот на протестот

Иницијативата за одбележување на 12 април како Ден на протестот започна минатата, 2018 година, со изложбата и перформансот „Протест(и)“ на Александар Кондев во соработка со ЦИВИЛ и дел од активистите на Шарената револуција. Тогаш се роди идејата овој ден да се одбележува како ден на сите граѓански протести за човекови права и слободи, со што ќе им се оддаде признание на граѓанките и граѓанките што низ годините го креваа гласот во името на слободата, еднаквоста и правдата.

ЦИВИЛ ќе поднесе иницијатива до Собранието на Република Северна Македонија да го прогласи 12 април за Ден на протестот, во чест на прогресивните, продемократски вредности за кои се залагаат огромен број граѓанки и граѓани во земјава.

Б. Јордановска

Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ