• Latest

Изборни реформи – стари проблеми со нови предизвици

December 18, 2020

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборни реформи – стари проблеми со нови предизвици

December 18, 2020 14:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ перспективно се осврана на можностите за нови изборни измени во Изборниот законик, како дел од изборните реформи на кои се работи последователно повеќе изборни циклуси наназад.

Почнувајќи од предвремените парламентарни избори на 15 јули и предизвиците предизвикани од здравствената криза со Ковид-19, па перспективно предвремените локални избори што се одржаа на 13 декември, завршувајќи со она што не очекува догодина со локалните избори.

Дали е можно целосно прочистување на Изборниот законик, потребни ли се промени во изборниот модел, кои се препораките што мора да се замат обѕир при следното ревидирање на Изборниот законик, дали воопшто препораките на домашните организации што вршат изборен мониторинг ќе се сфатат сериозно и инкорпорираат практично како дел од изборните реформи… желби многу, но која е реалноста, беа дел од прашањата што се наметнаа на конференцијата. Како говорници учестуваа Оливер Деркоски, претседател на ДИК, Катица Николовска од ДКСК, Радица Лазареска Геровска од Министерство за правда, како и Благица Димитровска од здружението Инклузива. Како претставници на ЦИВИЛ учествуваа Џабир Дерала и Петрит Сарачини.

„Измените кои беа направени пред изборите, не треба да се прават така, тоа постојано го потенцираме, не придонесоа за организацијата во процесот и промена на менталитетот на граѓаните, треба да донесеме законско решение за следните избори да го имаме, кој ќе ги затвори тие проблеми кои ги имаме. Апелирам да се промени на праксата за промена на Изборниот законик често и во 5 до 12, за да им се даде на изборните органи вистински да го организираат процесот. Најголема слабост кај нас е довербата кон институциите, и мораме да го јакнеме нивниот капацитет и чист добар Изборен законик кој нема да отвора дилеми во организација и споведување на изборите“, изјави  Деркоски.

„Последните измени сепак направија недоразбирања, во финансирањето се дозволи покрај средствата од донации, можат да ги користат и средствата од редовните финансии на политичките партии. На овој начин едно лице може да уплати одредена сума, но тешко е дали тоа лице е способно да ги оспособи тие средства. И понатаму остана и зголеми на учесниците во изборната кампања за неколку кратно известување на прибињање на финансиските приходи, без да бидат обезбедни темплејти кои ќе им ја олеснат работата, настана мешаница од обврски и начини на известувања. Начинот на кој беа спроведени и кои произлегоа од измените ќе бидат како патоказ за тоа што треба да се направи со новите измени во законик, министерството за правда не нè вклучи во работната група, не знам која е причината зошто не сме вклучени, но се надевам ќе се најде начин да се вклучиме“, смета Николовска.

„Министерот Маричиќ се обврза да направиме измени на изборниот законик, јас би сакала да се направи чист изборен законик, но тоа е долг процес особено меѓу политичките партии, имаме воспоставено рамка до јуни 2021 и овој Закон треба да помине дотогаш во Собрание, до мај треба да доставиме предлог закон, кој се надевам дека ќе влезе во собраниска процедура. Да бидеме реални со фактичка работа не верувам дека ќе се почне пред средината на декември“, објасни Лазаревска Геровска.

„Ние доставивме барање до Министерството за правда да бидеме вклучени како организација за да ги дадеме нашите препораки и да ги застапуваме истите, бидејќи тука е директна дискриминација на лицата со одземена деловна способност, не постои никаква статистика за овие граѓани и бараме да бидеме вклучени, затоа што никој од наведените членови не може да ја застапува оваа група на граѓани како нас, бидејќи ги имаме податоците“, изјави Димитровска.

„Имаше неколку изборни циклуси каде граѓаните и граѓанскиот сектор кои беа задоволни од обработката на резултатите, за жал последниот изборен циклус имавме ситуација која кај голем број граѓани покажа сомнеж. ДИК треба да најде начин како тој процес да биде многу побезбеден и да не се дозволуваат падови кои во очите на граѓаните ќе предизвика таков процес“, смета Сарачини.

„Закон кој се менува 30 пати не може да биде добар закон, побаравме од Парламентот, Владата да работат забрзано на нов изборен законик комплетно од нула. Изборната администрација често е сериозен проблем и покрај трудот кој се вложува и се разбира финансирањето на политичките партии, финансирањето на медиумите и политичката корупција, на која многу малку се работи, особено во изборните процеси.

Тоа што нам ни е важно во овој домен е дека иако има слабост, една изборна единица за нашата земја е сосема доволна, реформите во ДИК онака како експертите во ДИК и нашите соработници го имаат елаборирано, доставени се до релевантни институции и треба да се направи што побрзо“, заклучи Дерала.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ