• Latest

Излезе од печат книгата „Безбедносни ризици и закани-третман, феноменологија и мапирање“ од Марјан Ѓуровски, Марјан Николовски и Саше Герасимоски

April 30, 2020

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Излезе од печат книгата „Безбедносни ризици и закани-третман, феноменологија и мапирање“ од Марјан Ѓуровски, Марјан Николовски и Саше Герасимоски

April 30, 2020 08:45
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во издание на Факултетот за безбедност-Скопје и фондацијата „Конрад Аденауер„ излезе од печат книгата „Безбедносни ризици и закани-третман, феноменологија и мапирање” од проф. д-р Марјан Ѓуровски, проф. д-р Марјан Николовски и проф. д-р Саше Герасимоски.

Публикацијата укажува на опасностите од современите видови ризици и нивната закана по виталните интереси и безбедноста на граѓаните, пред сè.

Овој ракопис произлегува од проект за истражување од кој меѓу другото се презентирани дел од прелиминарните резултати кои се однесуваат на утврдување на безбедносните ризици со кои денес се соочуваат современото државата. Воедно објавениот ракопис дава придонес кон веќе публикуваните публикации и истражувања на Факултетот за безбедност и фондацијата „Конрад Аденауер„

Како резултат на современите глобализациски и постмодерни промени во карактерот на ризикот, доминираат надворешните безбедносни ризици и во современото македонско општество, истакнуваат авторите на книгата професорите Ѓуровски, Николовски и Герасимоски. При тоа заклучуваат дека сложените глобализациски и постмодерни општествени односи придонесуваат да дојде проширување на безбедносниот ризик во државата и пошироко.

Карактерот на ризикот дефиниран во услови на глобализација влијае врз карактерот на безбедносниот ризик во современото живеење. Глобализациските и постмодерните дефинирања на карактерот на ризикот како негативен (безбедносен) ризик влијаат врз дефинирањето на карактерот на ризикот како безбедносен ризик во Република Северна Македонија.

Посебна цел на овој ракопис е воспоставување методологија за процесот на мапирање на посебните елементи на ризикот кои се однесуваат на податоци за идентификуваните опасности, изложеноста на потенцијалните елементи на загрозување, податоци за нивната ранливост, како и податоци за капацитетите (ресурсите) на системот за управување со кризи кои може да се употребуваат во функција на превенција и справување со потенцијалните ризици и надминување на предизвиканите последници.

Досегашните научни истражувања во областа на безбедносните ризици во Република Северна Македонија, велат авторите, се недоволни. Поаѓајќи од фактот дека живееме во ризично општество во кое безбедносните ризици стануваат сè побројни, пофлуидни и поразновидни, во ова истражување се користи современа теоретска основа врзана со проучувањето на современите ризици како општествен и безбедносен проблем, а пред сè во контекст на современите општествени услови и поставеност на државата и нејзините безбедносни институции со цел да се утврди кои се присутни основните карактеристики на безбедносните ризици својствени за глобализираните и постмодерните општества.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ