• Latest

Извештај на ЕК: За преговорите за членство потребен е широк консензус од главните политички партии

November 8, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извештај на ЕК: За преговорите за членство потребен е широк консензус од главните политички партии

November 8, 2023 14:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ бара широк консензус од главните политички партии, кои треба да се вклучат во конструктивна и инклузивна политичка дебата за да се зајакне улогата на Парламентот, се посочува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во делот на политичките критериуми.

– Парламентот и Владата се обврзаа да започнат и да ги спроведат како приоритет релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите, се наведува во документот во кој се посочува дека земјата продолжила со напорите за зајакнување на демократијата, но се соочила со значителни предизвици во областа на владеењето на правото.

ЕК оценува дека работата на Парламентот беше нарушена со политичка поларизација, која дополнително се продлабочи, одложувајќи го усвојувањето на многу реформски закони и важни именувања.

– Во некои случаи има прекумерна, а понекогаш и несоодветна употреба на брзите процедури и на процедурата за „европско знаменце, поради недостигот на консултации и лошо планирање на законодавниот календар. „Европското знаменце“ треба да се користи кога е директно поврзано со усвојувањето на закони чија главна цел е усогласување со правото на ЕУ, а не за кратење на јавната дебата за важни прашања, се потенцира во извештајот.

Според Комисијата, партиите не треба да штедат напори за исполнување на задоцнетите внатрешни реформи кои датираат од третиот круг на „Дијалогот Жан Моне“ на почетокот на 2020 година, а потребна е и брза имплементација на препораките од Групата држави против корупција за да се зголеми транспарентноста на финансирањето на политичките партии.

– Работата продолжи на утврдување кривична одговорност за оние кои оркестрирале или извршиле насилство при упадот врз Парламентот на 27 април 2017, наведува Комисијата, посочувајќи дека Парламентот треба да обезбеди навремено разгледување на законските извештаи што му ги испраќаат државните агенции и органи, проценува ЕК, додавајќи дека земјата треба да го зајакне својот капацитет за парламентарен надзор над разузнавачките служби.

ЕК смета дека генерално, правната рамка останува соодветна за одржување на демократски избори во Северна Македонија.

– Сепак, не беше постигнат напредок за решавање и имплементација на вонредните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. Како што постојано беше споменато во претходните извештаи, изборното законодавство треба сеопфатно да се ревидира за да се решат недоследностите на навремен, инклузивен и транспарентен начин, се додава во документот.

Според ЕК, Северна Македонија останува умерено подготвена во однос на реформите во јавната администрација и постигнат е ограничен напредок со усвојувањето на новата стратегија за реформа на јавната администрација и придружниот акционен план во јули 2023 година.

– И покрај тоа што процесот започна пред пет години, земјата се уште не ја усвои ревидираната законска рамка за управување со човечки ресурси, кој ги вклучува ревидираниот Закон за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и новите законски одредби за менаџмент на највисоко ниво. Новата рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси низ администрацијата и да помогне да се обезбедат вработувања, унапредувања и отпуштања врз основа на заслуги на сите нивоа, вклучително и високото раководство. Законодавството се уште не ги прифатило препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата за непотизам и политичко влијание при регрутирањето на вработените во јавниот сектор и при назначувањето членови на надзорните и управните одбори. Подобрувањата во отчетноста во јавната администрација се поткопани со неусвојувањето на новиот Закон за државна организација. Тековни се напорите за подобрување на испораката на услуги за граѓаните и бизнисите, смета Комисијата.

Според ЕК, невладиниот сектор генерално работи во поволно опкружување, но потребно е вклучување на граѓанското општество во приоритетните области и консултативни активности и тоа да игра важна улога во реформскиот процес, пренесе МИА.

При презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство, претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен денеска на прес-конференцијата во Брисел истакна дека политиката на проширувањето е од витално значење за ЕУ.

– Ова е мојата главна порака уште од почетокот на мојот мандат. Европа да стане комплетна е наша историска задача, порача Фон дер Лајен при презентацијата на пакетот за проширување со извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година, кој ги опфаќа шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, потоа Грузија, Молдавија, Украина, како и Турција.

Таа посочи дека граѓаните на земјите кои сакаат да и се приклучат на ЕУ се Европејци, исто како оние на денешната Унија.

– Сите знаеме дека, географијата, историјата и заедничките вредности не поврзуваат затоа комплетирањето на нашата Унијата, исто така има силна економска, политичка и геополитичка логика. Ако се погледне историјата на последните рунди на проширување тие ни покажаа дека има огромни бенефити за земјите кои ни се приклучија, како и за самата ЕУ, значи во основа сите сме победници. Членството значи пристап до четирите слободи – пристап до единствениот европски пазар, граѓаните можат да патуваат, бизнисите имаат нови пазари и сето ова е можна придобивка што ја зголемува стабилноста и просперитетот на овие земји, рече Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека многу јасни и импресивни се и придобивките за самата ЕУ, како што е проширувањето на заедничкиот европски пазар, а со тоа и зголемување на неговата конкурентноста и сила.

– Нашата историја на проширување е успешна економска приказна без преседан, но исто така и ако се гледа глобалната атрактивност на ЕУ, таа исто така е зголемена и како трговски партнер, рече Фон дер Лајен, посочувајќи и на заедничката набавка на природен гас за сите 27 земји членки за справување со енергетската криза.

Претседателката на ЕК посочи и дека проширувањето е исто така инвестиција во безбедност на ЕУ, бидејќи интегрирањето нови членки ќе ги заштити од странски мешања и го стабилизира европското соседство.

– Во време кога гледаме дека се доведуваат во прашање основите на функционирање на меѓународниот поредок, секако дека поголема и посилна ЕУ ни дава посилен глас во светот. Затоа да сумирам, проширувањето е единствена можност за земјите кои и се придружуваат на Унијата и за нас, тоа е поттик за мир и просперитет што ја прави нашата Унија толку посебна, порача Фон дер Лајен.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ