• Latest

Извршната наредба на Бајден порака да не се блокираат процесите во државава, охрабрување и мотивација

June 10, 2021
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – денес ќе се одржи „Марш за Ангелите“ во Кочани, протестни собири во Штип и Скопје

September 16, 2025
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извршната наредба на Бајден порака да не се блокираат процесите во државава, охрабрување и мотивација

June 10, 2021 09:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со Извршна наредба на претседателот на САД Џо Бајден вчера се прошири опсегот на вонредни мерки за регионот на Западен Балкан, што опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка. Наредбата на Бајден за санкциите предизвика реакции на домашната и на меѓународната политичка сцена, со толкување на упатените пораки преку оваа постапка.

Со Наредбата се предвидува санкционирање на кое било лице за кое Министерството за финансии на САД, во консултација со Стејт департментот, ќе утврди дека е „одговорно или соучесник, директно или индиректно вклучено во активности или политики што ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста“ или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западниот Балкан и ги поткопува демократските процеси и институции во регионот“.

– Станува збор за лица кои се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во активност што го попречува или е закана за имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на ОН, Дејтонскиот договор, заклучоците на Совет за спроведување на мирот одржан во Лондон во декември 1995 година, вклучувајќи ги и одлуките или заклучоците на високиот претставник, Советот за спроведување на мирот или неговиот управен одбор, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија или во однос на поранешна Југославија, Меѓународниот механизам за кривични трибунали, се неведува во наредбата.

Според документот, со казнените мерки би биле опфатени и лица кои се одговорни за „сериозни повреди на човековите права“ и вклучени во корупција во регионот, вклучително и проневера на јавни средства, отуѓување на приватен имот за лична корист или за политички цели и мито “.

Белата куќа соопшти дека таа регулатива овозможува и санкционирање на актерите вклучени во „прекршувања или активности што го попречуваат или загрозуваат спроведувањето на каков било договор за регионална безбедност, мир, соработка или заемно признавање, рамка или механизам поврзан со Западниот Балкан“.

На лицата кои исполнуваат еден или повеќе од овие критериуми им се забранува влез во САД, бидејќи тоа е во спротивност со американските интереси.

– Забраните од оваа Наредба вклучуваат давање на какви било донации или обезбедување средства, добра или услуги од, за или во корист на кое било лице чиј имот и интереси се блокирани според оваа наредба и прием на каков било донации или обезбедување средства, стоки или услуги од кое било такво лице, стои во Наредбата.

Од Европската унија, пак, не ја коментираа одлуката на Бајден и истакнаа дека не планираат слични санкции.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Петер Стано, портпарол за надворешна политика во Европската комисија, одговори дека Брисел не ги коментира одлуките на САД и истакна дека ЕУ има сопствени ангажмани на Западен Балкан, како последната  „силна дискусија“ во Советот за надворешни работи на ЕУ и одлуката редовно да се одржуваат неформални вечери со лидерите на земјите од регионот.

-Нашиот ангажман е силен, но можни санкции не се на дневен ред, она што треба да се каже е дека секоја одлука на режимот на санкции е прашање на едногласност помеѓу земјите членки на ЕУ и доколку земјите членки се усогласат за режим на санкции ќе се процесуира, но темата не е на дневен ред, изјави Стано.

Весела Чернева, заменик директор на влијателниот тинк-тенк Европски совет за надворешни односи, во интервју за Медиапул наведе дека  санкциите на Вашингтон според глобалниот закон „Магнитски“ се директно предупредување од американскиот претседател Џо Бајден до алчните и несовесни лидери на Балканот дека корупцијата е клучно прашање што треба да се реши.

Објавата на Бајден во врска со земјите од Западен Балкан, коментира Чернева, е многу поопшта, не содржи специфични имиња и компании – но предупредува таа,  веројатно ќе ја замагли алчноста и невниманието на некои балкански лидери.

Пред неколку недели, потсетува Чернева, бевме сведоци на воведување санкции против поранешниот албански премиер Сали Бериша. Во регионот на Балканот има многу водачи со сомнителна репутација, а на многу места корупцијата е сврзно ткиво на владата, наведе Чернева.

Од Владата ја оценија наредбата на Бајден како порака за сите што ги блокираат процесите, но и охрабрување и мотивација.

-Борбата против криминалот и корупцијата навистина ги уништува демократските општества и затоа кога САД, најсовршената демократија пример за сите, ја испраќа оваа чиста порака за нас е сериозна порака на охрабрување. И покрај охрабрување е и дополнителна мотивација дека сме на вистинскиот пат, дека тоа е патот по кој целиот деморатски свет очекува да се развива иднината за сите земји, па така и за нашата демократска земја, нашата република, изјави вчера премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.

Според Заев, пораката е најголема потврда за вредностите за кои се залага оваа Влада.

-Не е само градењето пријателство, постигнувањето мир и стабилност во регионот, преку дијалог и дипломатија, постигнувајќи ги сите овие договори кои што ги постигнавме прво внатрешно различно етнички сите поставени, па со Бугарија, Грција итн., туку и порано како Охридскиот рамковен договор, рече Заев.

И во едни такви околности, дополни, навистина е испратена порака за еден куп негатори, поткупувачи, блокатори и сл. во државата дека ова е пресериозна работа за некој да може да си прави политиканство на нездрави основи. Дефинитивно, наведе, имаме ветер во грб сите што веруваме во демократијата, во слободите и во отстранувањето на девијантните појави во општеството.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, пак, оцени дека наредбата од Бајден е порака за сите што ги блокираат или сакаат да ги блокираат процесите во државата.

– Се уште во детали го немаме видено овој документ, меѓутоа, може да потенцирам дека граѓаните на Република Северна Македонија цврсто се одлучија да застанат и зад Охридскиот и зад Преспанскиот договор и тоа се темелите на овој нов пат, на ова модерно општество трансформирано по европски терк со стабилни меѓуетнички односи, ориентирано кон напредок, развој, интеграции. Мислам дека ова е порака за сите оние коишто ги блокираат или сакаат да ги блокираат и кочат сите процеси во државата, Наредбата е одлука на нашиот стратешки партнер САД која целосно ќе ја почитуваме, рече Николовски во одговор на прашање.

Најавите за санкции ги коментираа и од ВМРО-ДПМНЕ, а реакции упатија и Левица и Алијанса за Албанците.

-ВМРО-ДПМНЕ пред се ја признава волјата на граѓаните,  тоа што народот неколкупати го има кажано и ние ќе дејствуваме  во насока на тоа што е стратешки интерес на македонските граѓани и тука ние ќе гонасочиме нашето дејствување како што кажав согалсно народната волја веќе определена на референдум ко се одржа во 2018 година, рече во одговор на новинарско прашање Тимчо Муцунски,  меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Левица наведоа дека „наредбата  е дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика“.

-Всушност, ваквите договори како Рамковниот, Преспанскиот и Бугарскиот предизвикуваат регионална нестабилност, а не обратно. Искуството низ годините покажа дека Охридскиот договор е само алатка на задоволување на теснопартиските интереси на ДУИ, кој 20 години е на власт на Македонија. Доследни на левичарската традиција, партијата Левица ќе продолжи да се спротиставува на сите штетни политики и договори кои се против националните интереси, воспоставени уште од АСНОМ. Од друга страна, додека македонската опозиција е заглавена во западен фундаментализам, не очекуваме автентичен отпор против ваквите договори, наведе Левица во реакцијата.

Според Алијансата за Албанците, Охридскиот и Преспанскиот договор за нив се неспорни, а примарна цел на оваа наредба се санкциите против поединци кои се одговорни за корупција.

-Го поздравуваме извршниот налог на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, кој им дава големи овластувања на Министерството за финансии во консултација со државниот секретар. Оваа наредба на одделот одобрува воведување санкции за лица одговорни за корупција во регионот, кои се вклучени во злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на приватен имот за лична или политичка корист или вмешани во мито. Алијансата за Албанците од основањето е сериозно заинтересирана за расчистување на политичката сцена од такви елементи кои стануваат пречка за развојот на РСМ во сите димензии, како и на патот на интеграцијата во Европската унија, стои во реакцијата од АА. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ