• Latest

Јавна расправа: Зајакнување на институциите, финансиска поддршка и развој на сервиси за да може да се спроведува законот за спречување на насилството врз жените

December 15, 2020
Фото: Wikimedia commons

Европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
DWS News

Британските пратеници изгласаа забрана за пропалестинска активистичка група според законот за борба против тероризмот

July 3, 2025
фото: ВИ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Реална потреба или предизборен поткуп, што мислите за ребалансот на буџетот?

July 3, 2025
Реакции

РЕАКЦИИ: Сите добиваат, само ние губиме

July 3, 2025
Деца и жени бегалци од Сребреница во транспортно возило на УН

Белградскиот суд го ослободи од обвинение за воени злосторства во Сребреница Миленко Живановиќ, поранешен командант на Дринскиот корпус на РС

July 3, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Пентагон го преиспитува извозот на оружје кон сојузниците поради намалување на залихите со муниција

July 3, 2025
Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово/ Фото: ЦИВИЛ

Обвинителот се откажа од обвинение против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски

July 3, 2025
Фотографија: UN Women North Macedonia

UN Women – Петнаесет години предизвици и решенија за родова еднаквост

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
OSCE Parliamentary Assembly

Специјален известувач на ПС на ОБСЕ: Киднапирањето на украински деца од страна на Русија може да се смета за геноцид 

July 3, 2025
фото: Скриншот ТикТок

(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јавна расправа: Зајакнување на институциите, финансиска поддршка и развој на сервиси за да може да се спроведува законот за спречување на насилството врз жените

December 15, 2020 15:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот и ратификувани со меѓународни договори, спроведување на принципот на еднаквост, елиминирање на стереотипите за родовите улоги, превенција на сите форми на родово-базирано насилство врз жените, семејното насилство и утврдување на мерките и активностите за заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство, донесување програма за реинтеграција на жртвите, има меѓу другото, за цел Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство што денеска беше предмет на јавна расправа на Комисијата за еднакви права и можности на жените и мажите, пренесува МИА.

Учесниците на расправата се согласни дека овој закон и одредбите што ги содржи претставуваат чекор напред во превенцијата и заштитата од насилство над жените и семејно насилство. Но, како што посочија, за тој да може да се спроведе треба да се зајакнат сите институции кои имаат надлежност во оваа сфера, како и да се обезбедат доволно средства за тој да не остане само како добро законско решение на хартија. Потребно е, нагласија тие, развој на специфични сервиси за поддршка за различни категории жртви.

Предлог законот содржи превентивни мерки, како и мерки за заштита на жртвите од повеќе видови и форми на родово базирано насилство. Со него се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, но и координацијата на институциите и организациите.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во расправата посочи дека одредбите на законот јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата има намера преку сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство.

– Она што е исчекор во законското решение претствува поистапувањето со должно внимание. Тоа е обврска на сите институции, правни и физички лица кои сведочат или имаат индиции дека ќе се случи неков облик на насилство врз жените и родово насилство или семејно, дека треба да го пријават. Доколку тоа не се случи жртвата има право да покрене тужба пред граѓански суд и на крајот сите трошоци и докажување на невиноста на тој што не постапил со должно внимание паѓа на негов товар. Ова е сериозна придобивка, рече таа.

Законот, додаде таа, дефинира кои се органите на државна управа кои имаат обврска во своето работење да преземаат мерки за превенција, заштита но и постапување во услови доколку се случува насилство. Тие органи и институции, рече, се од областа на полицијата, социјалната заштита, здравството, образованието, обвинителство и судовите. Ова решение, потенцира Шахпаска, нуди мултидисциплиниран пристап и општествен одговор на насилството. Со Предлог- законот се предвидува брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот во постапување и изрекувањето итни и на привремени мерки за заштита. Така, судот има обврска, веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот“.

Шахпаска додаде дека се предвидува и програма за реинтеграција на жртвите на насилство, која вклучува модели за привремено домување, психичко советување со менторство, различни видови на финансиска помош специфично наменети за жени жртви на насилство, можности за образование за жените и нивните деца и обуки во различни области, како и мерки за вработување утврдени со закон. Економската зависност на жените, рече, е еден од главните елементи заради кои жртвите најчесто повторно се враќаат во семејството каде се одвива насилството.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во расправата истакна дека со законот треба да се овозможи воспоставување стандардизиранa мрежа од институции, кои ќе гарантираат сет услуги за заштита од семејното насилство.

Станува збор, рече, за системски закон, комплексен според вклученоста на бројни институции надлежни за постапување – Центрите за социјална работа, полицијата, обвинителството и судовите – но неговата доследна имплементација, пред се, ќе зависи од подготвеноста на сите субјекти вклучени во системот на превенција и заштита од родово-базираното насилство.

-Законот само по себе нема да направи ништо. Мора сите заедно да работиме да ја креваме јавната свест, да се создава амбиент во кој жртвите нема да го кријат насилството, туку напротив ќе го пријавуваат, да создадеме амбиент во кој жртвата нема да биде жртва на јавно исмевање, туку во кој ќе ја добие потребната заштита и да работиме на малку поголема ефиканост на институциите, рече Спасовски.

Дороти Пачкова од Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ! кое е и иницијатор на јавната расправа, меѓу другото побара сервисите кои ќе бидат воспоставени постојано да се поддржуваат и да се овозможат услови тие непречено да функционираат. Сервисите кои ќе им се нудат на жртвите на насилство, рече Пачкова, треба да бидат различни за различни видови жртви на наислтво.

Исто така, според неа, треба да се размисли за дефиницијата ранливи жени. -За нас многу е важно ранливоста да се доживува не како предодредена, туку како стекната во одредени случаи и исклучително е важно е да се дефинира дека е општествено создадена ранливост. Тие не се родени да не можат да функционираат во ова општество, туку тоа општество не е направено да одговори на нивните потреби што само по себе ги прави ранливи, рече Пачкова.

Елена Димушевка од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство смета дека сите форми на насилство треба да бидат опфатени во посебни членови со цел институциите кои ќе постапуваат по нив полесно да можат да ги препознаваат. Таа е на сличен став како Пачкова, дека за ралични категории жени жртви на насилство е потребно да се воспостават специфични сервси за помош и поддршка.

Еден од најбитните елементи, рече таа е и што се регулира донесување на програма за реинтеграција на жрвтите. Но потенцира Димушевска, во законот не е наведено кој ќе ја финансира реинтеграцијата, како еден од најважните елементи кои треба да оневозможат повторно враќање на жртвата кај насилникот. Ако нема прецизна дефиниција кој ќе ги обезбеди овие средства, истакнува таа, повторно ќе остане добар закон, но, само на хартија.

Предлог законот во прво читање претходно помина на сбраниската матична Комисија за труд и социјална политика. Следува амандманска расправа во чии рамки, како што беше најавено денеска, ќе бидат поднесени амандмани со дел од забелешките што беа изнесени денеска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ