• Latest

Јаз’к

March 23, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Јаз’к

March 23, 2019 08:33
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија вчера требаше да го прослави реткиот јубилеј, 75-годишнината од првиот весник на македонски јазик! Ама, заборави… Оти, Македонија денес нема ни мотив, ни интерес за јубилеи… Кому му дошло до чествување? Кој го есапи првиот весник, и покрај сите негатори на јазикот и на нацијата и кому му е гајле за минатото, кога во Македонија, историјата редовно започнува одново, со секоја нова власт?

Синиша Станковиќ

Македонија вчера имаше поумна работа! И власта, и опозицијата, и новинарите, и сите оние кои токму „Млад Борец“ ги катапултираше на политичката и на општествената сцена во државава… Постарите генерации одамна кренаa раце, помладите не ни чуле за „Млад Борец“, а актуелните народоусреќители и нивните опоненти од довчерашниот режим, немаат време за одбележување на настани од толку далечното минато, пу, пу, пу…, скраја да е, уште и комунистичко…

Иако, пред 30 години, на 22 март 1989-тата (токму на 45-годишнината од настанот кога на „слободната територија на Козјак“, антифашистичката младина го читала првиот број на весникот на својот мајчин јазик, отпечатен на шапилограф), со бројот 1660 од новата серија на магазинот „Млад Борец“, што се продаваше по тогашни 1.500 ЈУ-динари, во Македонија како симболично да почна нешто ново. Нешто, што по теркот од случувањата во Словенија, малку претенциозно, во дел од јавноста која лека-полека се будеше „од дремката на османлискиот бег“, следните месеци и со години потоа – беше нарекувано „Македонска пролет“…

А за да разберат помладите колеги што значеше „запролетувањето“ во периодот есен 1988 – зима 1989/90, мора да се каже дека се работеше за една неверојатна турлитава од вистински борци за демократија, плурализам и цивилно општество од една, и националисти, антијугословени и антикомунисти (оние, полошите и од најзакоравените комунисти), од друга страна. Нормално, со секогаш неизбежниот амалгам од опортунисти, полтрони/супозитории и ѕиркачи од сенка… Бранот демократија што го плесна в лице „темниот вилает“.

И сите сметаа дека имаат право, и дека конечно дошло времето да кажат сè што им лежи на душа. И буквално, на сите, за сите, „Млад Борец“ ги отвори страниците… Така што, иако весникот навистина е формиран со одлука на Првиот конгрес на антифашистичката младина на Македонија, во Фуштани 1943 година, тој е, и ќе биде дел од македонската историја и како еден од носителите на демократските промени на крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите. Без оглед на тоа што во меѓувреме, едвај испилената демократија ептен ни заталка… (Сигурен сум дека да излегуваше и денес, според тогашната уредувачка политика на Никола Младенов, на неговите страници ќе имаше место и за конзервативците, и за „античките“, и за југоносталгичарите…)

Иако на огромен дел од денешните проследувачи на политичките состојби во Македонија, имињата нема ништо да им значат, чисто како урок за актуелниве кројачи на нашите судбини, треба да се спомне дека соговорниците на „Млад Борец“, Вера Ацева и Крсте Црвенковски, на пример, двајца од многуте кои во еден период биле избришани од историјата, пред 30 години предупредуваа дека „полтроните умираат скотски“, и дека „без опозиција – нема напредок“. А, дека вториот (по ред) претседател на Македонија, Богоја Фотев, сеќавајќи се на периодот кога и буквално бил ретуширан од фотографиите на македонското раководство, отворено резимираше дека тој „не бил за тие работи“. За жал, денес во Македонија се реткост и професионални медиуми со отворени страници, и политичари, барем и поранешни, кои отворено ќе признаат дека не се/биле „за тие работи“…

Таа, „Пролетта“, според традиционалниот македонски синдром, бргу измрзна во првите години на маратонската транзиција на државата која веќе три децении е на чекор до демократија и правна држава, ама сè некако потсопната си чмае пред разните порти, сè надевајќи се дека конечно, ќе ја (нè) огрее сонце… А оние кои, како руки-новинари тогаш навистина веруваа дека одговорните „ги имаат на нишан“, и им порачуваа на странците – „да го следат сонцето, за да најдат Македонија“, се распослаа низ други медиуми, застапувајќи ја секој својата вистина, и нормално, се оддалечија, конфронтираа… И, „Борецот“ си умре, оти не се снајде во „демократските“ лупинзи и травестии…

Но, колку и да е патетична носталгијата (деновиве на социјалните мрежи прочитав дека и патетиката во помали дози е добра за луѓето кои сè уште имаат душа), и колку и да сакам да го баталам таквиот личен пристап, сепак, не можам да го сфатам игнорантскиот однос на надлежните кон еден важен историски настан. Не дека не се обидов… Арно ама, се изнаслушав прикаски, дека некој требало минатата година да се јави во собраниската комисија за култура, за според законот – јубилејот да биде вметнат во календарот на значајни настани во 2019, дека, повторно според законот, не се одбележувале годишнини на пет, туку само на десет години, (дигресија: и кога законски ете, можело, на 70-годишнината, во 2014-та, тогашната власт се направи наудрена – и тогаш јубилејот немаше виза за календарот на значајни датуми, па неколкумина „младоборци“, на сопствена иницијатива организираа средба на дваесеттина поранешни новинари и уредници од разни генерации..), дека треба да испратам писмо до архивата со барање за одбележување, или да се обидам да се сретнам со спикерот на парламентот, или да алармирам „некого“ во Владата… И, ми се збурбати…

Ај, да сме живи и здрави, можеби во следните пет години, ќе изградиме држава во која на „надлежните“ нема да им биде страв да се преиспитаат и да признаат дали ги бива „за тие работи“ и општество во кое повеќе ќе ги цениме сопствената историја, јазикот, државата…

П.С. Искрено се надевам и дека и без помош на државата, „Нова Македонија“ во октомври ќе собере сили, достоинствено да го одбележи својот голем јубилеј, 75-годишнината од излегувањето на првиот број на првиот дневен весник на македонски јазик… Чисто, да почнеме да учиме од грешките.

Share126Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ