• Latest

„Економист“: Имињата на аеродромите на Балканот за нервирање на соседите

November 12, 2017
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

„Економист“: Имињата на аеродромите на Балканот за нервирање на соседите

November 12, 2017 11:07
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот неделник „Економист” во текстот под наслов: „Терминали со став: Преименувањето на балканските аеродроми со цел да се нервираат соседите” се занимава со феноменот на новите имиња на аеродромите во регионот.

Неделникот пишува дека „низ целиот Балкан се градат нови аеродромски терминали и се именуваат на таков начин за да ги вознемират соседите”.

 „Економист”, тврди дека „играта околу именувањето на аеродромите ја почнале Грците, со тоа што аеродромот во Солун во 1992 година беше преименуван во „Македонија ”.
–
Грција и Македонија се во спор од прогласувањето на македонската независност во 1991 година; Грција вели дека името Македонија имплицира територијални аспирации кон делот на историска Македонија, која се наоѓа во Грција. Македонците возвратија во 2007 година, со промена на името на аеродромот во Скопје во „Александар Велики “, по освојувачот од античкиот период на Грција, кој го присвојуваат двете земји. Сепак, новата влада во Македонија сака подобри односи со Грција, па така е можно да има нова промена на името
, се вели во текстот.
„Економист“ наведува дека има уште примери.

– Нов футуристички објект беше отворен во март во Загреб, главен град на Хрватска. Тоа беше преименувана по Фрањо Туѓман, татко на хрватското движење за независност. Тој водеше жестока војна против хрватските Срби, што ги  поддржуваше Србија и кои ја создадоа отцепената српска република на третина од територијата на Хрватска која беше со краток век. Мнозинството Срби беа протерани од Хрватска во 1995 година, пишува во статијата.

 „Економист”, наведува дека „меѓу жртвите на ова етничко чистење беа и роднини на познатиот српски изумител Никола Тесла”.

– Тесла бил Србин, роден во 1856 година на територија на Хрватска, но емигрирал во Америка, и Србите и Хрватите го сметаат за свој. Од 2006 година белградскиот аеродром е именуван по него, нешто што им пречи на одредени Хрвати, се вели во текстот.

„Економист“ го спомнува и примерот во Косово.

– По 18 години од завршувањето на војната на Косово, и натаму не можете да летате од „Никола Тесла” на „Адем Јашари“, во чија чест приштинскиот аеродром го носи името од 2010 година. Јашари беше еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, кој беше убиен заедно со голем број членови на семејството по српската опсада на неговото упориште во 1998 година. Денес, тој е херој за косовските Албанци, а за Србите е ѓавол, пишува весникот.

Неделникот наведува дека „некои имиња не се променети”.

–Во Босна, сараевскиот аеродром и натаму е Сараево”, како  и порано. Обидот во 2005 година да се преименува во „Алија Изетбеговиќ“, по  воениот лидер на босанските муслимани, вето стави меѓународниот проконзул Педи Ешдаун. Во Подгорица, аеродромот е и натаму „Подгорица“, освен на ознаката за багаж. Таму се уште стои ТГД, потсетување на времето кога црногорскиот главен град го носеше името Титоград по Јосип Броз Тито, југословенски лидер, кој почина во 1980 година, заклучува „Економист”.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Економист“АеродромИнаетОдноси
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ