Компанијата Епл во една секунда заработува 1.444,7 долари и се наоѓа многу пред сите останати компании, покажува најновата инфографика на ТитлМакс, каде најдобро може да се види приходот на највредните светски компании во една секунда.
Алфабет (Гугл) е на петтото место со приход од 615,96 долари, додека Мајкрософт е на седмото место, со приход од 531,21 долар во секунда.
Според овие податоци, Епл минатата година заработил 45,5 милијарди долари, што е двојно повеќе од втората компанија на листата на банката ЈП Морган Чеис, која во секунда остварува приход од 782,14 долари, додека Вол-Март, кој се наоѓа на врвот на Фортуна 500 графиконот како бренд број еден, е со приход од 431,43 долари во секунда, но се уште е пред Интел, кој заработува 326,22 долари во секунда.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.