При рутинска контрола на возило марка БМВ на 15.09. 2018 година во 15.00 часот, на бул. Александар Македонски во Скопје, пронајдено е оружје и тоа пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје.
По барање на јавен обвинител и одобрување од надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „Христијанско братство“ , фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож- Бодеж, двоглед и друга опрема.
Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор за осомниченото лице, за што до судот достави предлог. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена, информираат од Обвинителството.