• Latest

Кампањи оперирани од срам

April 3, 2019

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кампањи оперирани од срам

April 3, 2019 15:26
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И вториот ден од изборната кампања на кандидатите за претседател на Република Северна Македонија потсетува на кампања за парламентарни избори, а говорите на кандидатите за претседател на државата наликуваат на говори на носители на партиска листа… Некој, повторно ги измешал лончињата!

Кандидатката за претседателка на Република Северна Македонија, која, иронично, не го признава новото име, но со особена гордост ја истакнува својата увереност дека ќе владее со државата потпирајќи се на начелата на правда и правичност, на митинзите во Струга и Ресен, зборуваше за цената на откуп на ресенските јаболка, па дури и најави предвремени парламентарни избори, со еден куп критики на сметка на актуелната власт… Силјановска не ја пропушти можноста на митинзите да проговори за вчерашната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, неитонирањето на химната и чувството на урнисано достоинство што кај неа ја побудило ваквата постапка. Не е познато дали ова чувство успеала да го елиминира со практикување на јога по митингот во Струга.

И покрај нејзиниот срцепарателен говор, таа остана во сенка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој излезе на сцена веднаш по неа. Откако Мицковски срамежливо ги демонстрираше своите пејачки способности со пеење на „Едно име имаме“ и нафрли неколку „слатки“ зборови за професорката Силјановска, ја искористи сцената за обраќање кон својот политички противник Зоран Заев, повторно, заборавајќи на тоа што всушност се бира на овие избори.

Заедничкиот кандидат за претседател на владината коалиција, Стево Пендаровски, се чини за нијанса подобро ги сфаќа своите надлежности, како можен иден претседател на државата, за разлика од неговата противкандидатка Силјановска. Она што со сигурност не го знае, е дека Општина Центар, каде се одржа една од двете вчерашни трибини, не е централна општина, и уште помалку е во центарот на Македонија.

На големиот број „спонтани“ пофалби од граѓаните, во стилот на „а мене едно незгодноооо“, ги замоли присутните за малку повеќе критика и конкретни предлози. Критиките, секако, изостанаа, а предлозите, се разбира, најчесто се однесуваа на работи коишто не се во надлежност на еден претседател на држава. Пендаровски се пожали на реакциите во јавноста, за тоа „дека ги штелува позитивните коментари и дека носи изнајмени глумци да зборуваат позитивно за него“ за време на трибините. И се ќе беше супер, доколку не беше гафот на Кристина Арнаудова на самиот почеток, кога кажа дека вчера и се јавиле да и кажат што треба да зборува отприлика, но таа „навредено“ одговорила дека знае што да зборува за него. Исто така, од многу битна важност е што мисли козметичарката на Арнаудова за Пендаровски! Не уби туѓиот срам!

Ваквиот концепт на отворени трибини, каде организаторите сакаат да се претстават како еднакви со граѓаните, е веќе добро проверена тактика, но со себе носи и голем ризик. Тој, меѓу другото, остава простор за гафови, како оние на Арнаудова, така и оној на една помлада учесничка, која за време на трибината е со транспарент „Заедно напред“, кој присутните механички и без никаква експресија го подигнуваат за време на аплауз. Таа го праша Пендаровски, дали смета дека слоганот ќе ги задржи младите во Република Северна Македонија!? Во наше село, обично, кога излегуваш во јавност со транспарент, стоиш зад напишаното…

На двете вчерашни трибини, и во Општина Центар и во Општина Аеродром, Пендаровски повторно ја искористи приликата да зборува за концептот „Едно општество за сите“, концепт кој освен декларативно, се уште не успеавме да го видиме во пракса. Па така, коалициониот партнер ДУИ, кој наводно ја поддржа кандидатурата на Пендаровски, својот изборен штаб во Чаир, го украси со фотографии од Али Ахмети… Од едно општество за сите во текот на вчерашниот ден слушнавме едно „mirëmbrëma“ и „faleminderit“…

Кандидатот поддржан од Алијансата на Албанците и Беса, Блерим Река, и покрај најавите дека во текот на вчерашниот ден ќе биде без некои позначајни активности, оствари средба со граѓаните на Чифлик, Батинце, Патишка река и Студеничани, или што би се рекло – свој меѓу своите!

Река зборуваше за конечно факторизирање на албанските гласови и упати критика на сметка на концептот на консензуален кандидат за претседател, тврдејќи дека консензуалноста за Албанците значи зделка, што се чини по малку иронично… Но сепак, ќе почекаме да видиме што ќе се случи со неговите гласови…

Доказ повеќе за незначајните активности е и фактот што речиси и да не постои снимен и објавен материјал од овие средби, освен една изјава за медиум. Останува прашањето дали овие граѓани се незначајни колку и неговите средби?

Маја Ивановска


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ